Нема остра осуда од СБ за спорот меѓу Лондон и Техеран | Вести | DW | 30.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нема остра осуда од СБ за спорот меѓу Лондон и Техеран

СБ на ОН усвои разводнета изјава во која нема осуда за Иран ниту барање за ослободување на уапсените британски маринци. Само се искажува сериозна загриженост и се бара кризата брзо да биде решена. Русија и Јужна Африка се спротивставиле на поостри формулации во изјавата, по синоќешната дебата во Њујорк. За Иран оваа резолуција не е од помош за решавање на проблемот. Претходно британскиот премиер Тони Блер побара итно ослободување на неговите маринци кои се затворени од 23 март бидејќи наводно илегално влегле во ирански води.