1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема одлука за „ОМО Илинден - Пирин“

Процедурата во Комитетот нa министрите на Советот на Европа во случајот „ОМО Илинден-Пирин“ против Бугарија, нема ништо спектакуларно. Таа започна пред околу шест месеци и како што се одвиваат нештата „ОМО Илинден-Пирин“ ќе биде уште долго време на дневниот ред на Комитетот на министрите.

Зградата на судот во Стразбур

Зградата на судот во Стразбур

На последниот редовен состанок на Групата за човекови права при Комитеот на министрите не беше донесена одлука по овој предмет, но бугарската страна информирала дека меѓу двата последни состаноци на Групата за човекови права на Комитетот на министрите, дојде до повторно одбивање на регистрацијата на ОМО Илинден-Пирин како политичка партија од судот во Софија. Причините, како што образложија бугарските власти, тоа било заради „непочитување на процедурата и поднесените документи за регистрација“.

Комитетот на министрите очекува бугарските власти да претстават план за спроведување на пресудите, бидејќи и самиот Суд за правата на човекот констатира во последните пресуди, дека покрај пресудата Станков и ОМО Илинден против Бугарија и нејзиното прифаќање во 2004 година со резолуцијата ResDH(2004)78, се продолжило со истата практика на забрана на собирите и регистрацијата.

Советот на Европа очекува и дополнитилени информации во врска со случајот на повторното одбивање на регистрацијата на ОЧО Илинден, како и за развојот на самата процедура, за состаноците на организацијата, исто како и за можностите за нејзина регистрација како здружение на граѓани.

Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа, во согласност со инструкциите од Министертсвото за надворешни работи, делува принципиелно. Македонските дипломати во Стразбур, внимателно го следат развојот на случајот, барајќи да се почитуваат меѓународните инструменти, како Европската конвенција за правата на човекот, односно одлуките на Европскиот суд за правата на човекот. кои треба да ги почитува секоја земја членка на Советот на Европа, како што тоа се бара и од Република Македонија, кога таа е осудена од судот во Стразбур.

Во Советот на Европа, се има во предвид и фактот дека пред Европскиот суд за правата на човекот се наоѓа уште еден случај кој е во процедура, во врска со нерегистрирањето на организацијата во периодот од 2002 до 2004 година.