1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема одлука за нуклеарка во Македонија

Нуклеарна опција, како можност за развој на енергетиката на Македонија до 2030 година е содржана во стратегијата на МАНУ, усвоена од страна на македонската Влада. Работна група од експерти-академици сега прави анализа.

default

Но, за конечен одговор - за или против ваквата опција - нема конкретен рок, велат од Министерството за економија. Од Македонската акладемија за науки и уметности (МАНУ), пак, сметаат дека по нуклеарната катастрофата во Јапонија,најдобро е Македонија како енергетски и финансиски сиромашна емја да почека што ќе одлучат големите европски велесили.

Академик Томе Бошевски вели: „На глобално ниво, мирнодопското користење на нуклеарната енергија за производство на електрична енергија е во фаза на привремена стагнација. Таа најверојатно ќе треба брзо да се разреши и ќе се дефинираат нови ставови за правците на развој на ова поле.“

Македонија не е во многу критична енергетска фаза

Македонија не е во толку критична енергетска фаза, нагласува академик Бошевски и појаснува: „Македонија ниту е во така критична фаза да мора да гради нуклеарна централа така брзо како што е случај со Кина и други земји кои се со многу народ и каде енергетскиот обем е од витално значење. На светско

Атомската централа Козлодуј во Бугарија

Атомската централа Козлодуј во Бугарија

ниво веројатно одредени региони од светот ќе имаат свои посебни планови за развој. А што ќе се случи треба да бидеме малку трпеливи и да почекаме можеби повеќе месеци, но веројатно не повеќе од една година.“

Работната група од академици врши анализа

Македонската Влада, согласно Стратегијата за развој до 2030 година, треба да обезбеди квалитетно и безбедно снабдување со енергија на Македонија, како и намалување на увозната зависност на енергија, потенцира Шпетим Нуредини, државен советник за енергетика и минерални суровини при Министерството за економија. Притоа, земени се предвид користењето на лигнит, ветерната и сончевата енергија, а особено хидроенергетскиот потенцијал, со изградба на мали хидроцентрали и зголемување на користењето на природниот гас и обновливите извори на енергија. Но, и нуклеарната централа е една од опциите, заради што е формирана Работната група од експерти-академици која се‘ уште врши анализи, информира за Дојче Веле Нуредини и појаснува: „За носење одлука потребно е да се направи анализа на сите еколошки аспекти, примената на безбедни стандарди, јавното мислење и други. Со цел за разгледување на оваа можност во Република Македонија е формирана и Работна група на највисоко експертско ниво предводена е од академици.Таа треба да изготви

Екологистите предупредуваат дека во земја со толку сончеви денови, нуклеарка не е потребна

Екологистите предупредуваат дека во земја со толку сончеви денови, нуклеарка не е потребна

анализа во која треба да бидат разработени сите аспекти.Од неа би можело да произлезе одговор дали во Република Македонија може да се изгради нуклеарна електрана или Република Македонија треба да учествува во нуклеарна електрана во друга земја‘‘.

Македонските екологисти децидни против градењето нуклеарка

Македонските екологисти од неодамна се приклучија кон Балканската антинуклеарна асоцијација, која се бори против изградбата на каква било нуклеарка. Македонија е земја со околу 300 сончеви денови и затоа тие апелираат земјата да се сврти кон искористување на сонцето, ветрот и другите обновливи извори на енергија. Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора‘‘, од Велес, е дециден: „Македонија нема таков капацитет, нема потреба од нуклеарна централа со оглед на потребите и природните ресурси со кои располага. Од друга страна, тоа е премногу скапа и премногу опасна инвестиција. И трета страна - нестабилноста на целиот регион потикнува да се побуниме и за градењето на нуклеарна централа во Бугарија, а камо ли во Република Македонија.“

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска