1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема нови средства за борба против сидата

Големата Меѓународната конференција за сидата, што денеска заврши во Виена не донесе нов напредок во борбата против чумата на 21 век. Шестдневната мамутска средба не донесе ни нови финансиски ветувања.

default

На крајот на 18. Меѓународна конференција за борба против сидата, претседателот на Меѓународното здружение против сидата, Франсоаз Баре-Синуси побара од политиката да обезбеди пристап за сите заболени од сида до соодветен медицински третман. Од науката се бара да создаде поедноставни, поевтини и поефикасни препарати. Таа и лично учествуваше во пронаоѓањето вагинален гел, што е во состојба да ја намали опасноста од заразување со вирусот на сидата до 39%. Него експертите го оценуваат како медицинска сензација.

Francoise Barre-Sinoussi Nobel Preis für Medizin 2008

Добитничката на Нобеловата награда за медицина во 2008, Франсоаз Баре-Синуси

„Тоа е мала студија со препарат со средно дејство. Но, сигурно ќе има и други студии со поголема ефикасност, ова е само прв чекор“, нагласува добитничката на Нобеловата награда за медицина, Франсоаз Баре-Синуси.

И покрај тоа што конференцијата беше повеќе согледување на актуелната ситуација, погодените ќе профитираат од неа, смета лекарот Кристоф Бен:

„Оваа конференција го врти повторно вниманието на светската јавност, иако се одржува секои две години. Може да се заклучи дека има подобрување од минатата конференција на полето на лекувањето и превенцијата од сида.“

Автор: Оливер Нојрот/Горан Чутаноски

Редактор: Симе Недевски