1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нема новини во заложничките драми

Гермаснкиот државјанин и 21 Јужнокореанец и натаму се заложници во Авганистан

default

Неизвесноста продолжува

Неизвесноста околу Рудолф Б., гермаснкиот инжинер грабнат во Авганистан продолжува. Деновиве повеќепати беше јавено дека наскоро ќе биде ослободен градежниот инжинер. Oн лајн изданието на весникот Ди Велт објави дека тој се наоѓа на пат кон Германија Министерството за надворешни работи во Берлин ги демантираше овие вести. Кризиниот штаб и натаму пружа напори за ослободување на 62 годишниот инжинер рeче портпарол во Берлин.

Лекарите сеуште немаат контакт со заложниците

Ситуацијата околу 21 иот јужнокорејски заложник и натаму е критична. Радикално исламистичките Талибанци денеска одбија да им дозволат на лекари да имаат контакт со заложниците. Портпарлот на Талибанците Кари Јусуф Ахмади истакна дека тие немаат доверба во медицинарите. Доколку некој од заложниците би починал поради лоша интервенција, за тоа би биле обвинети Талибанците.

Во однос на можноста за директни преговори со владата во Сеул, портпаролот Ахмади уште рече, доколку средбата се оддржи надвор од областа контролирана од Талибанците, би морале Обединетите Нации да ја гарантираат нивната бебзедност. Сеул преку директни преговоти очигледно сака да се ослободи од зависноста на авганистанската влада и да направи контакт со Талибанците.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи од својата страна и натаму ќе се залага за ослободување на заложниците „Сакаме да постигне сигурно ослободување на Кореанците. Грабнувачите имаат странско потекло и со киднапирањето го нарушуваат угледот на Авганистан.“ рече Карзаи

Поврзана содржина