1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема не сакам, зашто инаку следува тужба!

Сексуалната ориентација ќе мора да биде дел од законот за заштита од дискриминација, за кој последниве неколку денови се води жестока дебата во Македонија.

default

И хомосексуалците се Европејци стои на плакатот (архива)

Постоечкиот нацрт-закон не ги задоволува европските критериуми. Во него се избегнува експлицитното наведување на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и се заменува со зборовите “и друго“. Активистите за човекови права се загрижени дека на овој начин не им се пружа доволна судска заштита на хомосекусалците и дека нападите врз оваа група ќе продолжат.

„Европските пратеници во Парламентот изразија загриженост поради нацрт-законот во Македонија, затоа што првичните нацрти содржеа заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и во последен момент, под притисок на конзервативните групи, ова беше повлечено. За нас е неприфатливо бидејќи создава хиерархија во дискриминација“, вели Бруно Селун, координатор на групата на лезбејки, хомо, транс и бисексуалци во ЕП.

Од Европската комисија се‘ уште чекаат да го разгледаат новиот маедонски закон, кој впрочем требаше да биде донесен одамна, како услов за визната либерализација.

Оттаму потсетуваат дека постојат две европски директиви за заштита од дискриминација. Едната од нив се однесува на заштита на работното место и ги содржи следните основи - раса, етничко потекло, хендикеп, вера, род и сексуална ориентација. Земјите членки и кандидати мораат оваа директива ја преточат како знаат и умеат во домашното законодавство или устав.

Македонија мора да го усогласи законот со европските директиви

За европратеникот од Велика Британија, Мајкл Кешмен, нацрт-законот на македонската влада е неприфатлив и неевропски. Тој има намера ова прашање да го покрене

Homosexuelles Paar mit Kind

Многу членки на ЕУ не дозволуваат бракови или посвојување деца од страна на хомосексуалците, но минимумот што мора да се даде е заштита од дискриминација

пред Европската комисија, а Македонија, вели тој, ќе мора да ги усогласи законите со европските директиви, како што тоа го сторија сите земји членки, па дури и оние кои важат за најхомофобични:

„Сите 27 земји членки ја имаат оваа заштита. Дали сите тоа доброволно го сторија? Се разбира дека не. Но, она што пристапувањето го прави е дека вели - ако сакате да влезете во овој клуб има некои правила. Полска прифати, Литванија исто така прифати, а потоа проба да се извлече, но и ЕК и ЕП рекоа не, нема повлекување! Да, ќе морате да објасните зошто овие закони се потребни, треба да внесете културолошка промена. Законите поставуваат стандарди според кои едно општество очекува од цивилизрани обични граѓани да се однесуваат културно. Културата се прилагодува, социјалните навики се прилагодуваат на стандардите.“

Кешмен потсетува и дека под притисок на Европскиот парламент пред пет години беше одбиен италијанскиот кандидатот за комесар Роко Бутиљоне токму поради неговите ставови кон хомосексуалците и различноста во сексуалната ориентација. Затоа Македонија не треба да ја потценува моќта на оваа институција во областа на човековите права.

На наредната страница:

Речиси цел регион го има донесено законот