1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема напредок за Сирија

Женевските разговори за Сирија со посредство на ОН завршија без конкретни резулатати. Страните во конфликтот од понеделникот дискутираа во втората преговарачка рунда за решение за граѓанската војна.

Меѓународниот пратеник за Сирија Лакдар Брахими не наведе нов термин за разговори, по последната кратка средба на претставниците на сириската влада и на опозицијата. Тој смета дека е поадекватно, доколку двете страни се вратат дома, рече Брахими. Тие би мореле да си разјаснат дали сакаат продолжување на разговорите или не.

Специјалниот пратеник за Сирија денеска (15.02.) за последен пат, по повеќедневната преговарачка рунда, ги седна на иста маса спротиставените страни. Притоа тој подвлекол колку е важно политичко решение за граѓанската војна. Двете страни во конфликтот преговараа од понеделникот, без да постигнат напредок.

Брахими ќе отпатува во Њујорк за да ги информира генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и Советот за безбедност на ОН. Во граѓанската војна во Сирија која трае речиси три години досега животот го загубија преку 136.000 луѓе. Милиони луѓе побегнаа од насилството во странство.