1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нема напредок во преговорите за Косово

*

Преговарачкиот процес за статусот на Косово е поинтензивен и подинамичен, но тоа е не е доволно за да се донесе заклучок за скоро решение на проблемот, изјави рускиот претставник во Тројката, Александар Боцан Харченко по последната рунда преговори која заврши синоќа во Виена. Повторно, двете страни останаа на спротивставените ставови. Косовските Албанци не го променија барањето за независност на покраината. Србија пак е подготвена да им даде широка автономија. Белградската делегација во Виена понудила и план од 14 точки, но според Тројката тие не одстапуваат многу од досегашните српски барања. Следниот состанок е закажана за 5 ноември во Виена.