1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема мир за настраданите во Јапонија

За настраданиот регион од земјотресот и цунамито од 11 март во северниот дел од Јапонија нема мир, денеска повторно беше погоден од земјотрес од 6 степени. Состојбата во оштетената нуклеарка Фукушима останува опасна.

default

Јапонскиот премиер Наото Кан најави затворање на нуклеарната централа Фукушима. Фирмата која управува со атомската централа Фукушима, ТЕПКО, започна да ги попрскува оштетените реактори со синтетички материи, со цел да спречи ширeње на радиоактивните честички, но поради дождот мораше да прекине.

Шефот на Управниот одбор на фирмата, Цунехиса Катсамута призна:

„Ситуацијата е искрено речено таква што не можеме да постигнеме ладење во реакторите на потребната температура“.

Japan DW-Reporterin Silke Ballweg mit Geigerzähler

Проширување на зоната за евакуација?

Во меѓувреме, расте нивото на радиоактивноста во морската вода пред атомската централа, концентрацијата на честички на радиоактивен јод е за 4385 пати повисока од дозволеното. Се‘ уште не е утврдено како радиокативноста од центрaлата стигнува во морето. Јапонската влада го одби денеска барањето на јапонските атомски власти за проширување на зоната на евакуација. Досега важеше одлуката за евакуирање во зона со радиус од 20 километри околу Фукушима 1, а на жителите во зоната со радиус од 30 километри им беше препорачано да го напуштат регионот, поради опасност од зрачење. Меѓународната агенција за атомска енергија препорача зоната да се прошири, поради тоа што во село на оддалеченост од 40 километри од централата Фукушима 1 се измерени високи вредности на радиоактивност.

Саркози во Јапонија

Загриженоста од последиците на катстрофата со атомската централа се зголемува и надвор од границите на Јапонија. Сингапур соопшти дека јагленот од Јапонија покажува контаминираност деветпати повисока од дозволеното. Минимални радиоактивни вредности се пронајдени дури и во пробите од млеко во американската сојузна држава Вашингтон. Сепак, се нагласува дека измерените вредности се далеку од тоа да бидат опасни по здравјето на луѓето.

Во Јапонија инаку, денеска во кратка посета престојуваше францускиот претседател Никола Саркози, кој по разговорите со јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека на светот сепак му е потребна атомската енергија.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/ртре/дв

Редактор: Симе Недевски

DW.COM