1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нема криза за Берлиналето!

Уште една година на рекорди за Берлиналето. Во десетте фестивалски денови публиката и критиката ќе видат 386 филма. Во главната конкуренција за златната и сребрените мечки ќе атакуваат 18 филма.

default

Дитер Кослик, директор на Фестивалот

Се‘ во Германија, Европа и светот се врти околу финансиската криза, па таа не го заобиколи ниту Берлиналето. Но без паника, кризата го погаѓа фестивалот - заобиколно. Помалку спонзори, помалку забави, повеќе филмови за актуелното секојдневие.

Секојдневието - на филм

"Во програмата на Берлиналето има многу филмови кои се занимаваат со кризата. Ова е заради тоа што филмаџиите се своевидни уметнички сеизмографи на она што престои, но и поради тоа што со години на Берлиналетио имаме многу филмови за глобализацијата. Годинава глобализацијата е во доменот на парите” - истакна директорот на Фестивалот Дитер Кослик на презентацијата на програмата.

Токму за оваа тема е и најновото режиско остварување на Том Тиквер (Интернешенал) со кој фестивалот стартува.

Според Кослик, филмот со кој се отвара Берлиналето е одбран пред повеќе месеци. Снимен е како фикција, но во реалноста стана вистински документарец. И тоа затоа што и тој и многу други играни филмови реалноста многу подобро ја претсатвуваат. Со кризата и финансиите се занимаваат и повеќе документарни филмови, меѓу кои во програмата “Специјал” е и сторијата за банкарскиот систем на Кина од пред 120 години, каде се гледа дека финансиските малверзации и кризи не се од вчера.

Значи силен белег на Берлиналето годинава му дава документарниот филм, кој е застапен и во секцијата “Кулинарско кино”.

Deutschland Film Berlinale Goldener Bär

Многу конкуренти за главните награди

Холивуд во Берлин

На црвениот тепих пред Палатата на Берлиналето и годинава ќе биде тисканица. Така барем вети шефот на Фестивалот Дитер Кослик:

"Прашање е кој нема да дојде на Берлиналето? Имаме многу потврди и сигурно на отворањето нема да сум сам на црвениот тепих”. А ќе дојдат Рене Зелвегер, Мишел Фајфер, Кејт Винслет, Деми Мур, Кијану Ривс, Шон Пен...

Македонија ја нема во главната и споредните програми, но ја има во две копродукции на Европскиот филмски пазар.