1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нема конкретен предлог за името, туку нацрт рамка

*

Медијаторот во спорот со името меѓу Скопје и Атина, Метју Нимиц, на двете страни им понуди нацрт-рамка како основа за наоѓање решение на проблемот. По разгoворите што Нимиц ги водеше во Њујорк со македонскиот и грчкиот преговарач, Никола Димитров и Адамантиос Василакис, посредникот одби да соопшти детали за новите идеи. Димитров изјави дека Македонија не смее да биде доведена во ситуација да бира меѓу членство во НАТО и уставното име, бидејќи тоа за Македонија не е избор.