1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нема информации за судбината на киднапираните британци во Багдад

Властите во Лондон сеуште немаат информации за судбината на петтемина британски државјани кои вчера беа киднапирани во Багдад. Досега никој не ја презеде одговорноста за киднапирањето.

Премиерот Тони Блер изјави дека ќе биде направено се да им се помогне на грабнатите лица. Претставници на британската амбасада во Багдад во моментов се во контакт со ирачките власти во обид да се реши кризата. Во првите извештаи на арапските медиуми се тврдеше дека биле грабнати тројца Германци, но тие вести не се потврдија, соопшти министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. Тој го осуди грабнувањето во Багдад.