1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нема изненадување од Виена

Како и што се очекуваше Белград и Приштина не постигнаа согласност во Виена. И вчерашниот последен обид за да се дојде до некакво приближување на дијаметрално спротивставените ставови пропадна. Сега специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари својот предлог до крајот на март ќе го достави во СБ. Меѓународните сили треба да го кажат последниот збор за Косово. Реакциите на учесниците на состанокот од Виен

Марти Ахтисари нема повеќе да преговара

Марти Ахтисари нема повеќе да преговара

а ни ги пренесува Филип Славковиќ .

Косово би можело уште во првата половина од оваа година да прогласи независност, а Србија на тоа нема да реагира со воени средства. Со оваа порака, претседателите и премиерите на Косово и Србија го завршија долгиот преговарачки ден во Виена каде ги повика специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари. Тој по средбата која не даде резултат изјави:

“Најважната цел на состанокот беше на двете страни да им се даде уште една можност да ги објаснат своите позиции и да ги приближат ставовите. За жал, морам да кажам дека двете страни не покажаа подготвеност да ги ублажат претходно познатите спротивставени ставови”.

Ахтисари на средбата го претстави преработениот план за идната на Косово. Сегашната верзија, која најверојатно ќе биде и конечната, предувидува независност на Косово од Србија, како и право на членство во ОН, но со силно меѓународно присуство на ЕУ и НАТО.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу по средбата изјави:

“Косово има јасна цел, а тоа е независност и суверенитет, меѓународно признавање на косовската држава и нејзино зачленување во семејството на слободни нации.”

Ахтисари треба до крајот на овој месец на СБ на ОН, да им го предаде конечниот предлог план. Од април, заедно со членовите на неговиот тим и со претставниците на земјите со право на вето во СБ, треба да се изработи нова резолуција за Косово. На прашањето дали очекува Русија да ја блокира резолуцијата,специјалниот пратеник не сакаше да одговори.

Во првичната реакција, пак српскиот претседател Борис Тадиќ беше јасен:

“Независност на Косово е неприфатлива за нашата земја. Ние и понатаму веруваме дека предлогот кој ќе биде доставен во СБ на ОН може да се промени и да се подобри”.

Тадиќ сепак нагласи дека Србија нема да употреби воени средства за да ја спречи независноста на Косово. Белград е подготвен на косовските Албанци да им дозволи автономија во управувањето, под услов, покраината да остане во српските граници. Но, косовскиот премиер Агим Чеку очекува дека веќе во првата половина од годинава ќе може да прогласи независност доколку до тогаш биде усвоена резолуцијата на ОН.

Срспката влада сака да го спречи тоа бидејќи според неа Косово би можело да биде проблем не само за Србија туку и за целиот свет, бидејќи може да биде употребен како пример за решавање на слични проблеми. Српскиот министер за надворешни работи, Вук Драшковиќ смета дека поради ова предлогот на Ахтисари е опасен. Но, косовската влада нагласува дека Косово е посебен и единствен случај и нема да предизвика негативни реакции. Со ова се согласува и специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари.