1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема излез од спиралата на насилство?

Изрел ќе ги продолжи нападите во Либан, се додека радикално - исламистичките милиции на Хезболах не ги повлечат своите борци од граничната област со Израел. Според медиумите владата во Ерусалим во текот на ноќта донела одлука за „опсежна војна“ против Хезболах. Со тоа треба да се спречи заканата од либанските катјуша ракети, за израелските погранични области. Неизвесно е дали со вакви мерки ќе се сопре сп

Израелски ракети го погодија аеродромот во Бејрут

Израелски ракети го погодија аеродромот во Бејрут

�ралата на насилство на Блискиот исток. Петер Филип коментира

Жителите на Јужен Либан мора да се чувстаат како да се вратиле во старите црни времиња, во кои воените операции по должината на границата со Израел и изралеската против акција постојано ги принудуваше на бегство на север, за во близина на Бејрут да најдат лажна безбедност. Лажна, бидејќи израелските операции не запираат ниту пред главниот град. Онака како што сега беше бомбардиран и аеродромот во Бејрут.

Во Ерусалим никој сериозно не верува во тоа, дека со онеспособување на аерордромот во Бејрут или како и што се заканија и со прекин на снабдувањето со струја ќе бидат ослободени војниците. Како и во изминативе две недели во појасот на Газа, и во Либан со воен притисок јасно се дава на знаење, дека владата во Бејрут е одговорна за нуждата на населението, бидејќи ништо не презела против нападите на Хезболах.

На прв поглед логиката е убедувачка: се разбира дека една влада е одговорна - но не виновна – за нападите, кои од нејзина територија се преземаат врз соседна држава. Слаб е аргументот и на либанските владини кругови, кои тврдат дека немаат никаква врска со Хезболах. Не поминаа ни три месеци, откако премиерот Фуад Синиора во седиштетото на ОН на прес конференција појасни, „Хезболах е застапен во парламентот и кабиентот и Либан го почитува ова учество.“

Либанската влада во секој случај неможе поинаку: Хезболах беше успешен на изборите мината година и затоа е легитимен претставник на шиитските региони во земјата. Истовремено Хезболах е моќ во државата, пртоив која владата не може ништо да стори: Со месеци залудно се правеа обиди, да се спроведе разоружувањето на Хезболах, воедо поддржувано и од Советот за безбедност на ОН, но разговорите пропаднаа. Милициите на радикалниот шеих Насралах и натаму уживаат покритие од страна на Сирија и Иран, и ако некој и може ним да им диктира, тогаш Дамаск или Техеран, но не и Бејрут.

Ова конечно е главната дилема при барањето решение. Владата во Бејрут се пожали во ОН против изралеските напади, но Светкстата организација нема да може да најде решение за новиот конфликт. Други бараат засилен ангажман на САД како единствена супер сила. Но Вашингтон нема никаква врска со Хезболах или во Газа со Хамас. Само Дамаск и Техеран на ова поле би имале можност за влијание, само и двете влади во моментов не се заинтересирани за попуштање.

Но токму сирискиот претседател Асад во оваа ситуација би можел да се закити со ловоров венец, со тоа што би ги наговорил радикалните претставници на Хамас во Дамаск и водството на Хезболах во Бејрут да го сменат мислењето. „Промена“ во секој случај би значела: За возврат за ослободување на грабнатиот војник и прекин на ракетните напади, Израел ќе мора да проголта кнедла и да ослободи затвореници. Во минатото постоеше подготвеност да се ослободуваат затвореници за телата на грабнатите војници. Можеби сега треба да се преговара, додека грабнатиот и сеуште е во живот.