1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нема знаци за крај на светот

Од крајот на светот, најавуван за денеска (21.12) засега нема трага. И во татковината на Маите, Мексико, овој ден почна без апокалипса.

Илјадници луѓе во Мексико и во други земји во светот со денови и недели се подготвуваа за најавениот крај на светот. Шаманите и други духовници и видовити луѓе вчера, меѓу другото, се собраа во градот Мерида во Јукатан, во близина на руините на Маите. Еден од нив рече: „Ова не е крај на светот, туку е почеток на нов свет“. Друг пак очекува човештвото денеска да добие способност за телепатија и телекинеза.

И во други делови на светот денот кој, како што се толкуваше календарот на древните Маи, требаше да значи крај на светот, почна без посебни случувања. „Светот не пропадна. Пријателски поздрав од Нов Зеланд“, можеше на пример да се прочита веднаш по полноќ по локално време на социјалната мрежа Имгур.

Разликата во време меѓу Нов Зеланд и Мексико изнесува речиси цел ден. За денеска во Мерида е закажана голема прослава, но и покрај бројните церемонии дури и таму речиси никој не верува оти светот ќе доживее апокалипса. Доказ за тоа е програмата на случувањата - тие ќе траат цели два дена, односно до недела (23.12).

DW.COM