1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нема злато за британската економија

Велика Британија не е членка на зоната на еврото, па сепак ни таа не остана поштедена од кризата. Два квартала последовно стопанството таму бележи пад, тоа значи рецесија.

default

Да му оди на британското стопанство толку добро, колку на британските спортисти, кои на олимпијадата освоија 65 медали, земјата веќе не би имала никакви грижи. Но, славењето по улиците помина, а лицата на луѓето од британската емисиона банка повторно се сериозни. Конјунктурата на стопанството се’ повеќе опаѓа.

„За разлика од олимпијците, кои толку не воодушевуваа, нашето стопанство уште не постигна целосна форма. Но, бавно заздравува. Многу од неопходните услови за тоа се веќе тука и ние ќе продолжиме да правиме се’, што може да ни го донесе заздравувањето. Но, ќе биде долг процес додека нашето стопанство се опорави и повторно се воспостави рамнотежа во него“, вели шефот на „Бенк оф Енгланд“, Мервин Кинг.

Шефот на емисионата банка не објасни со што треба да биде заживеана конјунктурата. Многумина инвеститори се надеваат на повторно ширење на програмата за откуп на државни обврзници. Таа веќе сега опфаќа околу 475 милијарди евра.