1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нема договор за судските реформи

*

Нема договор за реформите во судството, ни по денешната петта средба на лидерите на политичките партии застапени во македонскиот парламент. Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека клучен проблем биле критериумите за избор на јавните обвинители кои имаат ограничен мандат. Нема договор ниту околу докомплетирањето на судскиот совет. Радмила Шекеринска лидер на опозиционата СДСМ и претставникот на ЛДП, Анредреј Жерновски оценија дека разговорите за судските реформи се целосно неуспешни. За сега не се очекува нова лидерска средба. Министерот за правда Михајло Маневски најави дека наскоро предлог законот за јавно обвинителство ќе се најде во собраниска процедура.