1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема „добра или лоша“ храна!

Европскиот парламент го одби предлогот на заштитниците на потрошувачите и здруженијата на лекарите, кои бараа хранливите вредности на прехранбените производи да се означуваат со етикети во боја на семафор.

default

ЕУ не сака семафор-решение

Европарламентарката Ренате Зомер од Христијанско- демократската унија ја поздрави одлуката на Парламентот во Стразбур. Прехранбените производи не можат да бидат квалификувани како „добри или лоши“. Овој предлог не базира на научни истражувања. Освен тоа, ознаката во боите црвено-жолто-зелено ќе доведе до тоа, шеќерот да се замени со вештачки засладувачи, а солта со засилувачи на вкус, вели Ренате Зомер. Производителите во иднина треба да се обврзат, на предната страна од призводот да го наведат количеството на масти, заситени масни киселини, сол и шеќер. Покрај тоа, на амбалажата треба да биде означено колкаво количество на т.н. препорачливи дневни количества на масти и јаглени хидрати се потребни на човечкото тело. Ова правило треба да важи пред се’ за веќе приготвени јадења.

Претставниците на Партијата на Зелените и Партијата на левицата беа разочарани од одлуката на Европскиот парламент. И организацијата на потрошувачите „Фудвоч“ го критикуваа гласањето. Ознаката со црвено-жолто-зелено или високо, средно и ниско количество на можни штетни состојки во еден прехранбен производ е најефективното решение да се информираат потрошувачите, велат од „Фудвоч“.

Секој треба да има право на јасни информации

Lebensmittel Preise in Deutschland

Во иднина задолжително ќе мора да се наведе количеството на масти, заситени масни киселини, сол и шеќер во производот

Во ЕУ, шеесет проценти од возрасните и секое четврто дете се дебели или склони кон дебелеење. Здружението на лекари за деца и млади исто така жали за негативниот исход на Европскиот парламент. Според нив, семафорската ознака е “лесен и на прв поглед јасен систем на препознавање за децата и младите“. Прехранбената индустрија во ЕУ, а пред се` мултинационалните концерни, како на пример „Нестле“, беа против планираната семафор-ознака.

Германското здружение на германската индустрија за прехрана ја поздрави одлуката на Европскиот парламент. „На семафорите местото не им е на производите за прехрана“, изјави претседателот Јирген Абрахам. Потрошувачите, имено, имаат право на појасни информации за хранливите состојки во храната.

Конкретни резултати ќе има во 2011 година

Lebensmittelampel EU

Семафор-ознаката е лесен и на прв поглед јасен систем на препознавање за децата и младите

И претседателот на одборот за заштита на животната околина во Европарламентот, Џо Лајнен, беше за воведување на семафорската ознака, но уште пред гласањето во Парламентот тој предупреди дека индустријата ќе биде против: „Индустријата е јасно против. Кој произведувач сака да има црвена точка на амбалажата на неговиот производ? Од друга страна, здравствените каси, здруженија и организациите кои се занимаваат со прехранбените производи беа за воведување на овој предлог.“

Според правилата на ЕУ, производителите во иднина ќе бидат обврзани да го наведат количеството на т.н. нано-честички во полуготовите и готовите јадења. Освен тоа, треба да наведат и дали во производите има вештачки состојки, како вештачки кашкавал, на пример. Но, додека почне практикувањето на овие правила ќе помине уште долго време. Процесот за подготвување нови закони е во тек, но дури во 2011 година може да се очекува конкретен резултат.

Автор: БОМ/ТТ/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска