1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема да има американски војници на либиска почва

САД денеска најавија дека се повлекуваат од воздушните напади врз Либија, без детално образложение. Британските медиуми јавуваат дека соработници на Гадафи во Лондон преговараат со тамошните власти.

default

САД одлучија да се повлечат од воздушните операции против Либија и ќе им ја препуштат кампањата на сојузниците од НАТО. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во настап пред Конгресот, синоќа соопшти дека сите авиони ќе бидат повлечени од операцијата до утре. Тој очекува дека Британија, Франција и другите НАТО сојузници можат да ги продолжат воздушните удари самостојно. Одлуката на администрацијата на претседателот Барак Обама предизвика големи реакции во Конгресот, но Гејтс не даде подетално образложение за неа. Гејтс само го повтори она што беше јасно и пред почетокот на операцијата во Либија:

„Нема да има американски војници на либиска почва“.

По пребегот на, сега веќе, поранешниот либиски министер за надворешни работи Муса Куса, британските медиуми јавуваат дека висок пратеник на либискиот режим веќе неколку дена е во Лондон на преговори со тамошните власти. Британскиот Форин Офис не ја потврди веста, но соопшти дека во сите контакти што ги имале со либиски претставници укажале дека Моамер Гадафи мора да си замине. Се претпоставува дека во Лондон престојува Мохамед Исмаил, близок соработник на еден од синовите на Гадафи.

По пребегот на Муса Куса, според непотврдени информации и многу други соработници на Гадафи ја напуштиле земјата.

Статус кво на теренот, Вестервеле бара примирје

На теренот во Либија денеска владее статус кво. Бунтовниците, кои деновиве беа поттиснати на фронтот, се обидуваат да се реорганизираат околу градот Брега и повторно да го нападнат нафтеното пристаниште Рас Лануф.

Flash-Galerie Libyen USA Verteidigungsminister Robert Gates

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс

Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, денеска во Пекинг изјави дека кризата во Либија не може да биде решена со воена интервенција и дека сите страни треба да работат на изнаоѓање политичко решение. Вестервеле за време на својата посета на Кина рече дека прв чекор треба да биде договор за прекин на огнот, кој би го почитувал и либискиот лидер Моамер ел-Гадафи.

Шефот на кинеската дипломатија, Јанг Џиечи исто така ја изрази поддршката на Кина за дипломатско

решение на кризата. Германија и Кина беа воздржани кога Советот на безбедност ги изгласа санкциите кон Либија.

Автор: БГ/афп/дв

Редактор: Симе Недевски

DW.COM