1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нема враќање назад

Абхазија и Јужна Осетија прогласија независност од Грузија пред 17 години. Грузиската влада, пак овие региони ги смета за свои провинции. Абхазијците веруваат дека ќе докажат оти заслужуваат да имаат сопствена држава.

default

Мапа на Грузија со отцепениот регион Абхазија

На променадата во Сухуми, главниот град град на Абхазија, на една маса седат млади луѓе и пијат кафе. Брановите на Црното море удираат во за‘рѓаните пристанишни мовчиња. Нала студира меѓународна политика во Сухуми и веќе знае точно што ќе прави по студиите:

„Сите сакаме да помогнеме за државата да напредува. За двеипол години ќе ги завршам студиите, а потоа сакам да работам во Министерството за надворешни работи и да ја претставувам Абхазија во странство.“ Нала и нејзините пријатели се Абхазијци. Тие ја сочинуваат најголемата етничка група во псевдо-државата и поставени се на раководни позиции. Тоа не беше така секогаш.

Обновата со руска помош

Во советските времиња, во Абхазија мнозинство беа Грузијците. На почетокот на 90-тите години Абхазија се отцепи од Грузија, дојде до војна и Абхазијците со руска помош протераа 200 000 Грузијци.

Georgien Abchasien Parlament in Sochumi mit Flagge

Градот Сухуми

Абхазија постоеше цели 15 години, без притоа која било друга земја во светот и да ја забележи самопрогласената држава. Ова се промени во август 2008 година. Како последица на војната во Јужна Осетија, Русија ја призна Абхазија. Тоа во Сухуми, и по шест поминати месеци, предизвикува добро расположение.

„Тоа ни‘ дава поттик и верба дека на земјата има праведност. Се надеваме дека ОН ќе не‘ признаат и дека на светската карта ќе се појавиме како самостојна држава. Животот стана поубав,“ вели еден млад човек.

Русија и‘ вети на Абхазија околу 50 милиони евра финансиска помош. Со помошта треба конечно, повторно да започне обновата.

ЕУ е против признавањето на Абхазија

По Русија, Абхазија беше признаена од само една земја во светот – Никарагва. Земјите членки на ЕУ тоа стриктно го отфрлаат. Тие се на мислење дека псевдо-државата, меѓународно правно и‘ припаѓа на Грузија. Претседателот на Абхазија, Сергеј Багапш, на работите гледа опуштено.

Russland Flagge

Русија ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија

Тој, седејќи во канцеларија послана со мек и дебел тепих во близина на променадата, вели:

„Во принцип, во оваа фаза доволно ни‘ е признавањето од страна на Русија и Никарагва. Се надевам дека ќе следуваат Белорусија, Куба и други африкански држави. Што се однесува до признавањето од страна на Европа, нема да форсираме. Сега мораме на Европа и на светот да им докажеме, а тоа можеме да го сториме, дека можеме да изградиме цивилизирана држава. Мора да ја заработиме довербата на Европејците.“

Поголема доверба во ОН отколку во ЕУ

Но, досега не може да стане збор за доверба меѓу ЕУ и Абхазија. ЕУ по војната во Јужна Осетија испрати околу 200 воени набљудувачи во Грузија. Согласно мандатот, мисијата на ЕУ треба да патролира во цела Грузија, значи според ЕУ – и во Јужна Осетија и во Абхазија. Набљудувачите на ЕУ, меѓутоа, немаат пристап до сепаратистичките региони и тука наскоро нема ништо да се промени, објаснува Максим Гунџиа, заменик министер за надворешни работи:

„Цела Грузија, како што тоа го подразбира ЕУ, постои само на хартија. Мандатот на ЕУ важи само за Грузија, значи не и за Абхазија. Будни сме, зашто сметаме дека мисијата на ЕУ, наместо да се грижи за безбедноста, сака овде да биде пред се‘ политички активна.“

Абхазијците им веруваат повеќе на ОН отколку на ЕУ.

Sergej Bagapsch Präsident Abchasien

Претседателот Сергеј Багпаш

Мисијата на ОН во Абхазија – УНОМИГ, во минатите 15 години се однесуваше претежно неутрално и ги регистрираше како повредите на договорот за примирје што ги правеа Абхазијците и трупите на Заедницата на независни држави, така и престапите на Грузијците. Но, мандатот на УНОМИГ заврши на 15 февруари. Досега задачата на силите беше да ги надгледуваат мировните трупи на Заедницата на незваисни држави – ГУС во Абхазија, но сега мисијата не може да продолжи затоа што Русија ги замени трупите на ГУС со регуларни трупи и бројот на војници го зголеми на повеќе илјади. Русија планира морнаричка и возухопловна база во Абхазија. Претседателот на Абхазија, Багапш вели дека тие не би имале ништо против набљудувачи на ОН, но мисијата не би смеела да се вика „Мисија во Грузија“ зашто Абхазија не е Грузија и нема веќе да и‘ припаѓа на Грузија: „По се‘ што се случи, нема враќање. Грузија мора да сфати дека Абхазијците сакаа сопствена држава и ја добија.“

Мирот е најважен

Тоа е горчливо, пред се‘ за 60-те илјади Грузијци кои се‘ уште живеат во Јужна Абхазија. Во малото гратче Гали има киосци на кои грузиските жени продаваат слатки, основни прехранбени намирници и играчки. Една од жените вели дека се разбира оти би сакале да припаѓаат кон Грузија, но...

„Кога веќе живееме овде се владееме според нивните закони - абхазиските. Ќе се навикнеме едни на други. Сеедно е кој е овде шеф – Грузиец, Русин или Абхазиец. Главно е да живееме во мир. Тоа ни‘ е доволно.“