1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нема „војна на валутите“

Дебатата околу глобалниот конфликт на големите валути се наметна и на самитот Г20 во Москва. Врвните политичари на 20 најважни индустриски и земји во подем се обидуваат да ја смират состојбата.

Зборувањата дека се заканува војна на валутите се претерани, сметаат претседателот на Европската централна банка Марио Драги и шефицана на Меѓунаорндиот монетарен фонд Кристин Лагард, кои учествуваат во Москва на самитот на Г20 на министрите за финансии и шефови на централните банки.

„Кај ниту една од водечките валути не се забележени големи отстапки во однос на пазарниот курс“, нагласи вчера Лагард. Еврото се движи во нормални рамки во однос на долгорочните статистики, дополни Драги.

Дебатата за трка за девалвација се заостри откако Јапонија, членка на Г20 и на Г7, предизвика пад на курсот на јенот за да ги зајакне шансите за конкурентност на сопствените фирми во странство. Светска банка, експертите и политичарите потоа предупредија дека е можно да се предизвика војна на валутите, бидејќи други држави би можеле да го повлечат истиот чекор.

Dollar Yen und Euro Kurse in Tokio

Берзата во Токио

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кратко пред да замине на средбата на Г20 под руско претседателство, ги отфрли ставувањата дека досегашните механизми на пазарите би можеле да бидат ревидирани: „Уште на средбата на Г7 јасно кажавме дека сакаме да се придржуваме до досегашните правила. Не сакаме државни интервенции за девизните курсеви, туку сакаме девизни курсеви ориентирани според пазарите“. Тој изрази уверување дека тоа ќе биде заедничка позиција и на средбата на Г20 во Москва.

Претседателот на ЕЦБ Драги од своја страна смета дека дебата за валутите е несоодветна. Директорот на ЕЦБ Јерг Асмусен за радиото „Дојчландфунк“ подвлече дека оваа дискусија не смее да ги дефокусира државите од реформите кои треба да ги спорведат. Рускиот домаќин увери дека Јапонија нема да се стави на обвинителна клупа: „Не постои трка за девалвација, нема војна на валутите“, изјави вице министерот за финансии Сергеј Сторшак. Претседателот Владимир Путин изјави дека најважни цели се да се надмине економската нерамнотежа, да се намалат државните долгови и да се поттикне порастот.

Со ова Путин ја навести втората тема околу која ќе се кршат копјата - т.н. Торонто цели за редуцирање на дефицитот и ограничување на долговите. Индустриските земји на самитот на Г20 во Торонто во 2010 година се обврзаа да ги преполоват своите дефицити до 2013 година и да ја стабилизираат ситуацијата со долговите до 2016 година. Меѓутоа многу земји, пред се’ САД и Валика Битранија не ги исполнија овие цели.