1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Нема вонредна состојба во Пакистан

По кризната седница на владата е соопштено дека парламентарните избори, како и што беше планирано, ќе бидат одржани на крајот на годината.

default

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф

Тоа беше ден полн гласини,напнатост,шпекулации.На крајот беше соопштено,нема воведување вонредна состојба.Барем засега,можноста останува за натаму.Пакистанската телевизија и радиото претходно за тоа известуваа како за сигурна работа.Речиси целиот ден пакистанскиот претседател го помина во кризни советувања со политичарите и експертите. На крајот излезе соопштението,тој не гледа нужност од вонредна состојба.Претседателот е демократ и сака навреме да ги одржи парламентарните избори,изјави министерот за инфорамции Дурани.

Истовремено можноста не е исклучена,државниот секретар за информации Тарик Азим укажува на лабилната сигурносна ситуација,пред се во немирните делови кон авганистанската граница:

„Во граничната област кон Авганистан имаше цела серија самоубиствени атентати и напади врз пакистанските безбедносни сили,затоа опцијата вонредна состојба не е исклучена.Но,морам да нагласам,таа засега не се воведува.“

Набљудувачите сметаат дека зад овој потег повеќе се кријат калкулации околу задржувањето на власта отколку грижи за безбедноста во земјата.Решавачки за одлуката на Мушараф веројатни беа разговорите со опозиционите водачи.Вонредна сотојба на Мушараф би му помогнала да ги одложи претстојните избори и да остане на функцијата.

Но,постојаното дискутирање за вонредна состојба а нејзино невоведување укажува и на фактот дека претседателот сепак ја нема зад себе влијателната армија.