1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Нема веќе пари за Златна зора

Грчкиот парламент со јасно мнозинство гласаше за запирање на државното субвенционирање на неонацистичката партија Златна зора.

default

Griechenland Prozess Neonazi-Partei Goldene Morgenröte Anhänger

Од вкупно 300 пратеници во парламентот, 235 се изјаснија за промена на Законот за финансирање на политичките партии, со кои сега е можно запирање на државните субвенции, кои инаку партиите ги добиваат согласно бројот на освоени гласови на изборите. Според текстот на законот, државните субвенции се укинуваат кога претседателот на една партија или најмалку една десетина од нејзините пратеници се обвинети „поради основање или припадност на криминална организација“.

Шестмина од 18 пратеници се во притвор

Една третина од пратениците на Злтана зора, односно 6 од вкупно 18, се наоѓаат во притвор. Тие се обвинети дека основале криминално здружение. Tројца, меѓу нив и лидерот на партијата Никос Михалолијакис, се наоѓаат во високо обезбедуваниот затвор кај Атина.

За промената на законот вчеравечер (22.10) гласаа пратениците на владејачката коалиција, составена од социјалистите и конзервативците, како и пратениците на радикалната левица Сириза. Пратениците на Златна зора оваа мерка ја опишаа како кршење на Уставот и уште пред да се гласа, во знак на протест, ја напуштија салата.

Pavlos Fyssas griechischer Sänger Archiv 2011

Павлос Фисас беше убиен во септември

Во 2013 година Златна зора од државата доби субвенции во износ од 873.000 евра, откако на ланските парламентарни избори освои речиси седум отсто од гласовите. Најновите анкети на јавното мислење покажуваат пад на популарноста на Златна зора, но таа и натаму е трета по јачина политичка партија во Грција по владејачката Нова демократија и најголемата опозициска партија Сириза. Измените на законот за финансирање на партиите, за кои Владата и опозицијата постигнаа консензус, беа поднесени во рамки на „офанзивата“ на владината коалиција против Златна зора, по убиството на раперот Павлос Фисас од страна член на оваа партија, пред еден месец.