1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нема веќе барање паркинг место

На аеродромот во Диселдорф веќе успешно се употребува робот за паркирање. Баварскиот претприемач Серва Транспорт Систем ја измисли технологијата со која автомобилите автоматски се паркираат и притоа се штеди и место.

Едно малку поинакво паркирање - тоа е идејата на Руперт Кох, за чие реализирање возачот треба само накусо да го остави својот автомобил, а сето останато е дело на машината која автоматизирано и самостојно паркира.

„Техниката која ја користиме може да се опише како автоматизиран вилушкар. Нашиот вилушкар може да се приспособи на секоја должина, односно на секој автомобил, т.е. може да пренесе и мал и голем автомобил и да го смести на паркингот“, вели Руперт Кох, шеф во фирмата Серва Транспорт Системс.

Возачите сега можат да си заштедат време за барање паркинг-место, а сопствениците на паркинзи, благодарение на технологијата можат да сместат повеќе автомобили.

„Кај класичните паркинг места, секое место е со иста големина, без разлика колкав е автомобилот. Разликата кај моделот на Серва Транспорт Системс е во тоа што ние ги паркираме според големината и поради тоа можеме да ги сместиме на помала површина“, објаснува Кох.

Технологијата на Руперт Кох и неговите соработници ја издржа главната проба. На аеродромот во Диселдорф беше изведен практичен тест. Успешно. Но, производителот се соочува и со некои неочекувани потешкотии, вели Руперт Кох:

„Поради тоа што сме многу малечки, немаме моќ кај лиферантите и како што честопати се покажува, времето на испорака е многу подолго и поради тоа имаме проблеми“.

Во меѓувреме, системот се покажа како сигурен и при извлекувањето на вистинските возила од паркингот. Аеродромот во Диселдорф го купи системот. Од неговиот дом во Баварија Руперт Кох сега сака да му го продаде својот изум на целиот свет.