1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема бојкот, но има технички проблеми при пописот

Пописот почна навреме, информираше Државната пописна комисија на Македонија. Во некои региони со етнички мешано население, попишувачите меѓутоа се соочуваат со технички проблеми.

default

Прес-конференција на Државниот завод за статистика

Пописот на населението, домаќинствата и становите почна навреме во 8 часот и се одвива без проблеми, информираше Државната пописна комисија.

„Според првичните информации со коишто располагаме пописот е почнат во 8 часот и попишувачите се излезени на терен, а онаму каде ќе се јават технички проблеми тие се решаваат“, изјави портпаролот на Комисијата, Кирил Барнабеев.

Податоците до кои дојде Дојче веле во врска со одвивањето на пописот до 13 часот денеска укажуваат дека оваа статистичка операција во три региони со етнички мешано население се соочува со позначителни, или големи технички проблеми: барања на попишувачите да бидат избришани од списоците на оние кои ќе го попишуваат населението, проблеми со превозот, ненавремено добиени пописни материјали и друго.

Во струшкиот регион пописот денес започна само во 30-тина проценти од 51 населено место

 Џеми Хајредини, претседателот на Пописната комисија за струшкиот регион, изјави за Дојче веле: „Имаме технички проблеми. Досега пописот е започнат приближно во

Struga Innenstadt, Mazedonien

Струга

околу 30 проценти од 51 населено место во струшкиот регион. Денеска, на 1-ви октомври успеавме да формираме неколку пописни групи и да ги испратиме на терен. Настојуваме во текот на денов да стасаме до 50 отсто, утре до 60-70 отсто, а во понеделник, 4-ти октомври, верувам дека ќе ги опфатиме со пописот сите населени места. Многу доцна, речиси во 5 минути до 12 ни дојдоа скиците и моравме да работиме цела ноќ. Од таа причина не успеавме да ги подготвиме сите двојки на попишувачи. Некои и не биле информирани дека се попишувачи. Кога ги оформувавме попишувачките екипи, некого ќе го снемаше, или е на службен пат, или е на боледување ... Како реонска комисија побаравме овие лица да бидат заменети. Правиме големи напори да ја стабилизираме ситуацијата до понеделник, 4-ти октомври.“

Пописот почна навреме и во гостиварскиот регион

 Емро Меметали, претседателот на Пописната комисија за гостиварскиот регион, ни

Volkszählung 2011 So arbeitet ein Interviewer

изјави: „Со пописот започнавме денеска во 8 часот. Во ова време еден дел од попишувачите заминале на терен, бидејќи толку бевме подготвени. Другиот дел на попишувачките двојки утре, на 2-ри октомври, ќе појдат на терен. Знаете зошто не е започнато: ние ги имавме имињата на лицата што ќе попишуваат, но ги немавме во евиденцијата со улици. Нашава пописна комисија формираше една група да ги средат овие работи и утре, на 2-ри октомври, сите ќе бидат на терен. Кај нас нема бојкот. Ние имаме тешкотии оти сега не можеме да ги најдеме попишувачите. Овде во пописната комисија 50 проценти од материјалот се подготвени, но ќе настојуваме сиот пописен материјал со лицата задолжени за тоа да се најде на терен.“

Попишувачи приложуваат лекарски уверенија за да не учествуваат во пописот

Стојанче Миневски, потпретседателот на Пописната комисија за кичевскиот регион, информираше за Дојче веле: „Со материјалите е во ред, пописот започна во 8 часот, навреме. Попишувачките екипи се оформени и се наоѓаат на терен. Е, сега, некаде недостига по некој попишувач од одредена етничка припадност, па се чека тие да се

Deutschland Volkszählung Zensus 2011 Symbolbild

  приклучат и да се докомплетираат тие двојки на попишувачи. Имаме појава попишувачи, вработени претежно од администрацијата, нив засега околу 20-тина, не да одбиваат, но повикувајќи се на здравствени причини, да бараат да не учествуваат во попишувањето на населението. Лекарските уверенија, кои тие ги приложиле заради таквите свои барања, се доставени во Државната пописна комисија. Ваквата појава не се среќава кај лицата кои се пријавиле на конкурсите за попишувачи. Сепак, во сите случаи, како регионална пописна комисија, веднаш вршиме замени од редовите на оние кои посетувале обуки за попишувачи. Се соочуваме и со мали проблеми околу превозот. Имаме во поодделни општини населени места, кои се одалечени и по 30-50 километри. Во таквите случаи попишувачите заминуваат во сопствен превоз, но од утре ќе има организиран превоз“.

Како што соопшти Државната пописна комисија, според законот, ќе се попишуваат сите лица што живеат во државата, граѓаните што живеат или престојуваат во странство во изминатите 12 месеци и оние кои имаат престојувалиште во земјата, како и сите домаќинства и станови на територијата на Македонија.

Пописот го набљудуваат претставници на Еуростат, кои ќе оценат дали пописот е спроведен согласно меѓународните стандарди.

Првите податоци од пописот се очекува да бидат објавени во декември.

Автор: Свето Тоевски/ нетпрес

Редактор: Александра Трајковска

 

DW.COM