1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема билатерална средба Милошоски - Ламбринидис

Во Будва нема да се оддржи билатерална средба меѓу македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи. Причините за неодржувањето на тет-а-тет средба двете страни ги толкуваат поинаку.

default

Министерот Милошоски

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Антонио Милошоски и Ставрос Ламбринидис во Будва нема да има. Македонското министерство за надворешни работи попладнево информира дека закажаната средба е откажана од грчка страна, наводно поради обврски на министерот како шеф на грчката делегација.
Од грчкото МНР со поинаков став. Средбата не е откажана, бидејќи воопшто и не била закажана. Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас за Дојче веле изјави дека сите министри имале заеднички ручек и дека двајцата таму поразговарале.
„Кратко и општо, во друштво на повеќе министри се зборуваше дека поминуваат тешки мигови на демонстрации, насилство и политичка криза“, дообјаснуваат од македонска страна, што било предмет на разговор на ручекот на министрите.
Македонското МНР во текот на денот информираше дека средбата била закажана за 17 часот и оти интересот за прва билатерална средба со новиот грчки министер бил најавен уште пред десет дена.
Европски и американски дипломати, како и влијателни меѓународни организации, бараат властите во двете земји да го искористат моментот преку дирекни разговори да се дојде до решение на дводеценискиот спор за името.
Автор: Александар Методијев
Редактор: Александра Трајковска