Нема анализа за настап на пазарите кои ќе станат европски | Економија | DW | 08.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Нема анализа за настап на пазарите кои ќе станат европски

Први јануари, кога Бугарија и Романија ќе и и се приклучат на Европската унија ќе и донесе на Македонија нови правила за трговија со овие две земји.

default

Домашните економски експерти прогнозираат дека проширувањето на Унијата со две земји од регионот може да и биде од полза на Македонија, oсобено ако позитивните ефекти се гледаат во поширока смисла - дека Европа, се доближува до Македонија. Две од четирите македонски граници ќе бидат со Унијата, ќе треба да се подобри инфраструктурата, да се подигнат стандардите во комуникацијата. Што се однесува до трговијата, се отвора шанса да се намали минусот во размената со Бугарија, да се зголеми обемот на трговија со Романија. Ефектите сепак најмногу ќе зависат од македонските компании, вели Силвана Мојсовска од Скопскиот економски институт:

”Не можеме да очекуваме дека со самиот влез на Бугарија во ЕУ, ќе се случи чудо затоа што интезивирањето на трговската размена помеѓу двете земји е пред се условено со менувањето на структурата на македонското стопанство”.

Европската банка за обнова и развој преку "Прокредит" банката ќе го стимулира македонскиот извоз. На извозниците им нуди наменски трговски кредити. Хелен Александер од менаџерскиот борд на "Прокредит Македонија" вели:

"Нашата улога како Прокредит банка во Македонија е да го поддржиме економскиот развој на клиентите".

Македонските компании ќе треба да ги искористат не само ваквите кредити, туку и останатите механизми за да го подобрат квалитетот на производот. Тоа е услов за пласман на македонските стоки на новите европски пазари, вели универзитетскиот професор Јован Пројковски:

”По моите согледувања постои можност за унапредување на таа соработка, посебно ако се подобри струкутурата на производите што се извезуваат, ако се подобри нивото на обработка, тоа ќе го зголеми ефектот”.

Сега Македонија со Бугарија и со Романија тргува со одредени количински и царински ограничувања. Од идната година се укинуваат царините за индустриските стоки и квотите за земјоделските. Македонската влада сеуште нема анализа, ниту стратегија за настап на пазарите кои ќе станат европски. Допрва ќе се работи на тоа, вели министерката за економија Вера Рафајловска.

”Нашите ќе одат во Брисел да се разговара за тоа прашање и се прават пресметки”.

Освен проширувањето на ЕУ, за десетина дена на регионот му претстои уште еден крупен обединувачки настан. Потпишувањето на договорот за ЦЕФТА, бесцаринската трговска унија во која членуваат Македонија и Хрватска, а на 19 декември треба да и пристапат Алабанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, и Молдавија.