1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нема ад-хок враќање на визите!

Барањата на ЦДУ-ЦСУ за враќање на визите , од опозицијата и експертите се толкуваат како популизам кој загрижува. Оценка е: иницијативата е против достигнувањата во ЕУ и не се решава ад-хок, туку со долга процедура!

„Јас сум строго против барањата на министрите за внатрешни работи. Зголемен е бројот на Роми и Синти од Македонија и Србија кои тука доаѓаат, но во најголем број барањата за азил се одбиваат. Поради ова и малите внатрешни проблеми што ги имаме во никој случај не смее да им се одземе слободниот визен режим на граѓаните на Македонија и Србија“, категорична е Мариелуизе Бек, пратеник во Бундестагиот од Сојузот 90-Зелени, која активно цел политички век се занимава со случувањата на Балканот.

Marieluise Beck Bündnis 90/Grüne

Во никој случај визната либерализација не смее да се укине! Мариелуизе Бек (Сојуз 90-Зелени)

„Барањата во голема мерка се популистички! Но, загрижува што иницијаторите можат бараното и да го постигнат. Долго работевме врз либерализација на визите и затоа постигнатото не смее да се прокоцка“, смета и Михаел Хартман, пратеник на СПД. Според него бројките и не се толку драматични како што некои ги претсавуваат, а проблемот нема да се реши со повторно воведување на визите.

И Мареи Пелце од ПроАзил барањето за повторното воведување визи го смета за чист популизам. Според неа, договорите се такви што генерално визната слобода може да се укине, но дипломатски тоа би било сосема погрешно, зашто станува збор за кандидати за членство во ЕУ.

Долга процедура

SPD Bundestagsabgeordneter Michael Hartmann

Постигнатото се става на коцка! Михаел Хартман (СПД)

Др. Оливер Шварц, експерт за европската надворешна политика од Универзитетот Дуизбург-Есен потсети дека „зимскиот бран баратели на азил“ од Балканот не е нова појава и дека политичатите со него се занимаваат особено во предизборен период. За ДВ тој објаснува колку е реална заканата од повторниот визен режим?

„Овојпат станува збор за заедничка иницијатива на Белгија, Холандија, Луксембург, Франција, Австрија и Германија. Овие шест држави самите фактички не можат да го сменат она што правно е договорено во Европската унија. Потреба е регуларна постапка која бара изјаснување на сите парламенти и согласност од 27-те држави. Министерскиот совет не може сам ад-хок да донесе таква одлука, што значи има долга прцедура која најрано би можела да биде спроведена во една година“, смета д-р Шварц.

Мариелуизе Бек потсетувајќи на некогашното слободно движење низ светот на носителите на југословенски пасош, не го крие задоволството што со либерализацијата граѓаните од Балканот долгорочно ги гледа како дел од ЕУ, кои слободно можат да патуваат. Според неа, „неодговорно е што ова значајно достигнување на надворешната политика е доведено во опасност поради кусогледоста на внатрешната политика“. Прашуваме: колку е сериозно активирањето на заштитната клаузула наредната седмица на средбата на министрите за внатрешни работи?

Dr. Oliver Schwarz

И либерализацијата, но и нејзиното повлекување се решава во процедура. Д-р Оливер Шварц

„Се надевам дека тоа нема да успее. Ако се погледнат бројките, ќе се види дека Германија како и досега има мал проблем, каков што имаат и многу други земји. Во Грција на пример барателите на азил се за 50 проценти побројни. Се надевам дека Европската Унија нема да го прифати барањето со кое повторно би се разнишала стабилноста на Балканот“, смета Бек.

„Слободниот визен режим е централен елемент на европските права и слободи, на страрегијата за проширување на Европската комисија“, дополнува д-р Шварц, кој е категоричен дека поради азилантите не смее да се стави под прашање постигнатото. Особено ако се има предвид забавениот процес на проширувањето, поради кое како стратегиски важен инструмент за доближување до луѓето, Комисијата ги даде и олеснувањата и безвизниот режим, кои од министрите за внатрешни работи целосно се превидени.

„Ако се повлече визната либерализација има опасност земјите кои имаа добиено позитивни оценки од Комисијата повторно да се вратат на старите патеки’, заклучува за ДВ социјалдемократот Михаел Хартман.