1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Неколку турски здруженија нема да учествуваат на Самитот за интеграција во Берлин

*

Во знак на протест поради заострувањето на законот за доселување, многу организации на турските мигранти во Германија нема да учествуваат на Самитот за интеграција кој е закажан за в четврток во Берлин. Претседателот на турската заедница во Германија, Кенан Колат критикуваше дека има нееднаков третман на странците во новиот закон за интеграција. Не исклучува ниту тужба пред уставниот суд. На Самитот со канцеларката Ангела Меркел треба да се извлече биланс на досегашните активности на полето на интеграција, како и да се претстави национален План за интеграција.