1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неколку илјади Црногорци кажаа: Веќе нема да бидеме транзициони губитници

Неколку илјади граѓани на Црна Гора преку протест во Подгорица побараа од владата да ја промени политиката и да обезбеди подобри услови за живот на осиромашените граѓани.

default

Граѓаните бараат владеење на правото и затворање на криминалците - фотографија од протестите во ноември 2011 година (архива)

Пред владата во Подгорица организаторите на протестот, Унијата на слободните синдикати и невладината организација „Мрежа за афирмирање на невладиниот сектор“ и студентите, им порачаа на извршната власт и на премиерот Игор Лукшиќ дека е „доста со грабежот“.

Фокусот од идентитетски да се префрли на социјални прашања

Демонстрантите порачаа и дека „повеќе нема да бидат транзициони губитници“ и дека нема да ја плаќаат цената на корупцијата и лошите приватизации и ја повикаа владата фокусот од идентитетските прашања да го пресели на социјалните.

Studentenprotest Podgorica Montenegro

Протести во Црна Гора имаше и во ноември 2011 година (архива)

„Бараме владеење на правото и ефикасна борба против организираниот криминал. Сакаме да видиме луѓе во затворите. За дваесет години транзиција и приватизација никој не одговараше и не заврши во затвор, а ние во меѓувреме станавме сиромашни“, рече претседателот на Унијата на слободните синдикати Срџа Кековиќ. Тој рече и дека е дојдено време владата да се определи – дали ќе биде влада на граѓаните или на тајкуните.

„Нема веќе да дозволиме странските инвеститори да се фалат низ Црна Гора како можат да седнат со премиерот и да ги договорат законите за даноци и работното законодавство како што ним им одговара“, рече Кековиќ.

Montenegro Vanja Calovic

Вања Чаловиќ му порача на премиерот Лукшиќ дека шегувањето со народот ќе му се удри од глава

Во знак на протест демонстрантите ги стуткаа сметките за струја и ги фрлија пред зградата на владата. Најавени се нови протести се‘ додека не се повлече одлуката за зголемување на цената на електричната енергија, која за домаќинствата од почетокот на годинава е повисока за седум проценти.

„Ова е протест на предупредување. Лукшиќу, не се шегувај со народот, за тоа да не ти се тресне од глава. Немој да не‘ тераш да доаѓаме повторно, бидејќи ќе не‘ има уште повеќе. Тогаш ќе ви биде мал затворот Спуж“, порача Ванја Чаловиќ, извршна директорка на организација „Мрежа за афирмирање на невладиниот сектор“. Таа рече дека добива закани и им порача на властите да не и’ „праќаат кучиња кои се закануваат со куршум“.

Владата пресметала дека сметките ќе се зголемат за две евра

Glühbirne

Владата пресметала дека сметките за струја ќе бидат повисоки за две евра

Јавноста притиска да се повлече одлуката за зголемување на цената на струјата, а црногорската влада вчера (20.01.) соопшти дека нема влијание на Регулаторната агенција за енергетика.

На седница на социјалниот совет беше оценето дека зголемувањето на цената на електричната енергија од седум проценти не би требало да влијае на растот на цените на основните животни намирници. Според претходните пресметки на црногорската влада, сметките за струја би требало да бидат повисоки за само две евра.

Претставникот на Унијата на слободни синдикати Срџан Кековиќ соопшти дека протестот нема политичка конотација и дека се однесува исклучиво на зголемувањето на цената на електричната енергија.

Автор: Александар Методијев /бета/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска