1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неколку илјади палестински затвореници штрајкуваат со глад

Околу 4500 палестински затвореници во израелските затвори денеска (24.02) стапија во еднодневен штрајк со глад во знак на протест поради смртта на затвореник во Мегидо, јави израелското радио.

Според официјалните наводи на затворот Мегидо во северениот дел на Израел, затвореникот Арафат Џарадат починал од срцев удар. Палестинските автономни власти меѓутоа бараат да биде отворена независна истрага за смртта на затвореникот. Израелските власти најавија аутопсија со учество на палестинската страна.

Триесегодишниот Џарадат беше уапсен на 18 февруари. Според неговото семејство, во моментот на апсење тој бил во одлична здравствена состојба, јави палестинската новинска агенција Маан. Семејството, како што пишува весникот „Једиот Ахронот“ е на мислење дека срцето на Џарадат откажало поради преголеми измачувања од страна на Израелците.

Israel Hungerstreik

Штрајк поради смртта на Арафат Џарадат

Смртта на таткото на две деца, чија сопруга е бремена, ги заостри тензиите на Западниот брег кои траат со денови. Денеска во околината на Хеброн повторно демонстрираа стотици Палестинци, барајќи ослободување на четворица затвореници од изралеските затвори кои штрајкуваат со глад подолго време. Во судири на Палестинци и еврејски доселеници во Западниот брег, вчера беа застрелани двајца Палестинци. Поради постојаните судири на Западниот брег, израелскиот пратеник од редовите на Работничката партија, Бенјамин Бен Елиезер предупреди дека постои опасност од избивање нова Интифада. За да се спречи крвопролевање е итно неопходно веднаш да се обноват мировните преговори, изјави Елиезер за изралеското радио.