1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Некои нови американски партнери

За да се одржи светскиот поредок, САД во иднина треба да се фокусираат на четири држави, тврдат две американски „тинк-тенк“ организации. Тоа се Бразил, Индија, Индонезија и Турција.

Изразот „свинг држави“ доаѓа од внатрешнополитичкиот речник на САД и се однесува на оние сојузни држави во кои и демократите и републиканците имаат еднакви шанси за победа. Експертите од две американски „тинк-тенк“ организации го подигнаа тој принцип на меѓународно ниво.

САД треба интензивно да работат на тоа, заедно со Бразил, Индија, Индонезија и Турција да воспостават светски поредок со институции како што се Обединетите нации и Меѓународниот монетарен фонд, велат Даниел Климан од Германскиот Маршалов Фонд и Ричард Фонтејн од Центарот за нова американска безбедност.

Зошто токму тие четири земји? Тие ги исполнуваат критериумите кои ги поставија експертите: во прашање се демократски држави, со голема и растечка економска моќ, а нивната географска позиција ги прави централни играчи во нивните региони, или дури и мост меѓу повеќе региони. Во согласност со таа теза, можно е тие земји да дадат поддршка за демократски светски поредок, со институции како ОН, Светска банка и ММФ.

Според авторите, соработката може да биде остварена во пет области: трговија, финансии, поморско право, нуклеарно разоружување и човекови права.

„Тие столбови се подеднакво важни“, вели еден од авторите на студијата Даниел Климан, „но тие четири земји можат да пружат различен придонес во тие

Präsident Barack Obama Birma Besuch Yangon Flughafen

Барак Обама и Хилари Клинтон

области, затоа што имаат различни предности и мани“.

„За унапредување на човековите права и демократијата постојат повеќе услови за соработка со Индонезија отколку со другите земји, додека Индија, на пример, е многу попогоден партнер во област на поморското право“, наведува Климан.

Турција е далеку од демократска држава

Од друга страна, Мајкл Рубин од конзервативниот институт „Ентерпрајз“ е вџашен од фактот дека во таа група е вклучена и Турција. Рубин е и против препораката во студијата дека Турција треба да влезе во ЕУ.

„Препораката Турција да влезе во ЕУ е загрижувачка со оглед на истражувањата кои покажуваат дека во таа земја има помалку слобода на печатот отколку во Русија“, вели Рубин.

Овој аналитичар за ДВ објаснува дека меѓународното значење на земјите може брзо да се промени. Значењето на тие четири земји е моментална слика, но за пример би можеле да се земат и Јужна Кореја, Малезија или Кенија.

Според Рубин, целиот пристап на студија не е воопшто оригинален и потекнува од текст објавен во 1996 година во списанието „Меѓународна политика“ под наслов „Клучни држави и стратегијата на САД“. Текстот е помалку детален од последниот објавен, но се заснова на истата претпоставка:

„Америка мора да се фокусира на еден мал број земји со чија помош би можела да биде постигната регионална и меѓународна стабилност.“

Меѓу деветте земји набројани во тој текст се наоѓаат и четирите кои се споменуваат во последната студија.

Алтернатива на Кина

Michael Rubin American Enterprise Institute

Мајкл Рубин

Даниел Климан не сака извештајот да биде погрешно сфатен како „тајно отстранување на Кина“, туку како молба за зајакнување на меѓународниот поредок, на кој се ориентираат и Кинезите. Сепак, во најлош случај, Кина би можела и да се спротивстави.

Мајкл Рубин, пак, се сомнева дека тие земји воопшто и би биле заинтересирани за соработка со САД и за зајакнување на меѓународниот поредок.

„Студијата е интересна интелектуална вежба, но не сум сигурен дека тоа би функционирало и дека би довело до посакуваните резултати“.

Рубин, исто така не сака САД исклучиво да се потпрат на Бразил, Индија, Индонезија и Турција, бидејќи смета дека соработката со Европа е од витално значење.

„Европа останува пред се‘ централен бедем на меѓународниот поредок, бидејќи Европа во сите пет наведени области игра важна улога“, смета Рубин.