1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неисполнетите ветувања на Ахмадинеџад

Претседателот Махмуд Ахмадинеџад на наследникот му остава земја со влошена економија и меѓународна изолација. Подобрување не се бележи ниту во политиката за внатрешни работи, социјала и пазарот на труд.

Претседателот Махмуд Ахмадинеџад на својот наследник ќе му остави економски ослабната и меѓународно изолирана земја. Ахмадинеџад даде големи ветувања кога стапи на функцијата во 2005 година. Тој тогаш рече дека приходите од иранската нафта „ќе се почувствуваат на масата на секое поединечно семејство“. Згора на се’, претседателот рече и дека секоја година ќе создава по два милиона нови работни места, за невработеноста да ја донесе до нула, а стапката на инфлација да ја направи под десет проценти.

12.06.2013 DW Online Karten Basis IRAN Englisch

Не се ичекуваат големи промени со изборот на нов претседател на Иран

Но, осум години подоцна - на крајот на неговиот втор мандат, реалноста е многу поотрезнувачка. Според официјалните податоци, инфлацијата е на 30 проценти, невработеноста е околу 12 проценти, а економскиот раст е во минус. Веројатно овие статистики ќе бидат малку разубавени.

Ферејдоун Кхаванд, експерт за иранска економија, верува дека Ахмадинеџад немал реална економска политика кога ја презел власта.

„Единствениот план што го имаше, ако така може да се нарече, беше заснован на популизам“, вели тој, иако признава дека Ахмадинеџад сепак реализираше некои од своите популистички политики, како што се субвенциите за населението во руралните области, како и „брачните пари“ за младите парови.

Валутата во депресија и стагнација

Во плановите кои Ахмадинеџад не беше способен да ги спроведе е и создавањето на стабилен девизен курс за иранската валута - ријал. Од 2011 година, ријалот загуби две-третини од неговата вредност во споредба со американскиот долар, со што се поттикна дополнителна инфлација. Кога иранскиот претседател стапи на функцијата, стапката на инфлација беше 12 проценти. Експерти и меѓународни организации проценуваат дека таа е некаде меѓу 40 и 60 проценти. Драматично пораснаа посебно цените на храната, наемнините и јавниот транспорт.

Venezuela Mahmud Ahmadinedschad Beisetzung Hugo Chavez

Владеењето на Ахмадинеџад и’ зададе удар на земјата

Во исто време, иранската економија е на колена под притисок на санкциите од Западот. Пред стапувањето на функциjа на Ахмадинеџад, стапката на раст во Иран беше околу седум проценти. Сега таа е негативна. ММФ вели дека постои можност таа малку да се подобри во 2014 година.

„Без раст не може да се создаваат работни места“, објаснува Кхаванд, нагласувајќи дека од двата милиони нови работни места годишно, кои беа ветени од Ахмадинеџад, се реализирани само 14.000.

Приоритети во надворешната политика

Неколку години Иран бележеше споредбено поголем приход од нафтата, пред да стапат на сила обновените меѓународни санкции во 2012 година, кои драстично го намалија иранскиот извоз на нафта. Но, овие приходи се канализирани на погрешни места, забележува Кхаванд. Долем дел од нив отпаднаа на плаќања на увезени стоки, а во истовреме се прошири и администрацијата на Ахмадинеџад. Пари се одлеваа и во иранската надворешна и безбедносна политичка агенда.

Iran Währung Sanktionen

Иранската валута ја губи својата вредност

„Така беа поддржувани странски организации и групи блиски до Исламската република, како што е Хезболах во Либан и палестинскиот Хамас“, вели Кхаванд.

Економистот сумира дека мандатот на Ахмадинеџад претставува „катастрофални години за иранската економија“, која беше влошена со меѓународните санкции и „домашните неуспеси и погрешното менаџирање“.

Кревкиот ирански устав

На политичко ниво, од една страна, крајот на ерата на Ахмадинеџад го карактеризираат внатрешните борби за моќ.

„Осумте години од администрацијата на Ахмадинеџад ја донесоа на виделина кревкоста на иранскиот устав и на системот на владеење“, оценува противникот на режимот Мехран Барати во разговор за Дојче веле. Тој забележува дека стана јасно оти претседателот, или врвот на иранската извршна власт, повеќе нема шанси да ја раководи земјата самостојно, иако тој е избран од највисокиот религиозен лидер во земјата.

„Со спротивставени претензии за власт, ќе биде тешко да се најде заедничка патека која земјата би требала да ја следи“, вели Барати. И покрај тоа, активистот не очекува некакви суштински промени во домашната или надворешна политика, посебно во однос на конфликтот за иранските нуклеарни амбиции.

„Идеолошкиот момент сега е толку силен во Исламската Република, така што без оглед на тоа кој е избран или ќе го наследи Ахмадинеџад, конфликтот со меѓународната заедница ќе продолжи“, смета Барати.