1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неизвесност околу Чавез

Каква е вистински здравствената состојба на претседателот на Венецуела знаат само лекарите. Јасно е само дека 58 годишниот Хуго Чавез, нема да ја положи заклетвата за неговиот трет мандат на 10 јануари.

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез, кој боледува од рак, утре нема да патува за Каракас на сопствената инаугурација. Ова го соопшти вице претседателот Николас Мадуро во писмо до Националното собрание. Чавез ги почитува препораките на лекарите. На 11. декември 58 годишниот претседател во Куба беше опериран од тумор, четврта операција по ред откако му беше дијагностициран рак во 2011. година.

Неговата здравствена состојба, според владини наводи е непроменета. Министерот за информации Ернесто Вилегас на венецуелската телевизија соопшти дека Чавез по последната операција во Хавана и натаму боледува од запаление на белите дробови и има проблеми со дишењето.

Врховниот суд треба да пресече

Во Венецуела во меѓувреме изби спор, околку тоа каков треба да биде епилогот поради неприсуството на Чавез на положувањето на заклетва на 10. јануари. Опозицијата бара појаснување: Врховниот суд мора итно да одговори на ситуацијата и истата да ја разјасни, побара опозициониот политичар Енрике Каприлес во Каракас.

Каприлес, кој е гувернер во сојузната држава Миранда потврди дека актуелниот мандат на Чавез истекува на 10. јануари. „Овдека го немаме кубанскиот систем, каде власта се предава од еден на друг“, предупреди тој. Венецуела исто така не е монархија. „Земјата очекува јасна интерпретација на текстот на уставот“, рече Каприлес, кој на изборите пред три месеци тесно загуби од претседателот Чавез кој е на власт од 1999. година.

Спорно исто така е дали Чавез заклетвата може да ја положи подоцна, како што тврди владата. Доколу 58 годишниот претседател долгорочно не е во состојба да ја извршува претседателската функција, според уставот во рок од 30 денови мораат да се одржат нови избори. Во таков случај претседателот на Парламентот Диосдадо Кабело привремено ќе ја извршува претседателската функција.