1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неизвесност и немир на Кипар

Пред денешното гласање за европскиот пакет за помош, во кипарскиот парламент се’ уште не е обезбедено сигурно мнозинство. Спорен е еднократниот данок на банкарските депозити кој ги погодува и малите штедачи.

Парламентот на од криза погодената земја-членка на еврозоната, Кипар попладне треба да гласа за пакетот финансиска помош од меѓународните кредитори во висина од 10 милијарди евра. Со пакетот одобрен од партнерите во еврозоната, Кипар треба да биде спасен од банкрот.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес синоќа во телевизиско обраќање апелираше до сограѓаните да покажат разбирање за неопходноста од ваквиот спасувачки пакет. Според Анастасијадес, Кипар имал само две алтернативи- пропаст на домашниот банкарски систем проследен со нерегулиран држвен банкрот или „сценариото на болен, но контролиран кризен менаџмент“. Тој притоа го повика парламентот во Никозија да го усвои контроверзниот пакет на денешната седница, истакнувајќи дека земјата неодложно треба да се спаси од банкрот.

Одложено гласање

Zyperns Präsident Nikos Anastasiades am 17.03.2013

Претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес

Со оглед на критиките за контроверазниот предвиден еднократен данок на банкарските депозити кој е дел од условите за добивање на помошта од меѓународните кридитори, не е сигурно дали за спасувачкиот пакет ќе гласаат мнозинството од пратениците во Никозија. Затоа Анастасијадес во синоќешното обраќање до нацијата истовремено најави дополнителни преговори со партнерите во еврозоната во кои ќе биде направен обид да се издејствуваат краткорочни промени во оданочувањето во полза на ситните штедачи. Како тоа точно треба да се случи, Анастасијадес не прецизираше.

Министрите за финансии на еврозоната постигнаа согласност за спасувачкиот пакет за Кипар во петокот вечерта. Според договорот Кипар треба да добие 10 милијарди евра. За возврат владата на островската земја меѓу другото вети воведување на еднократен данок на сите банкарски депозити, односно учество на домашните и на штедачите од странство во финансиското спасување на земјата. Имено сите оние кои имаат влогови до 100.000 евра во кипарските банки треба да платат еднократен данок од 6,75 проценти, а оние со повеќе од 100.000 евра, треба да платат данок од 9,9 проценти. Со оваа мерка, која за првпат е предвидена во рамките на еден спасувачки пакет треба да бидат собрани околу 5,8 милијарди евра. Тоа предизвика огорченост кај граѓаните на Кипар и критики во дел од меѓународната јавност. Поради тоа парламентот во Никозија за денеска го одложи вчера планираното гласање за пакетот.

Германија е за заштита на малите штедачи

Wolfgang Schäuble

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германската влада според зборовите на министерот за финансии Волфганг Шојбле за време на преговорите се изјаснила за тоа дека малите штедачи во кипарските банки треба да бидат заштитени. Во нејзиното предлог-решение германската влада исто како и Меѓународниот монетарен фонд ја респектирала сигурноста на влоговите, изјави синоќа Шојбле за германските теливизии. Европските правила предидуваат целосна заштита на банкарските депозити до 100 илјади евра.

За одлуката и вложувачите со мали депозити на Кипар да бидат оптоварени со еднократниот данок, Шојбле одговорноста ја префрли на кипарската влада, Европската комисија и Европската бентрална банка. „Тие се одлучија за вакво решение и сега мораат и да му го објаснат на кипарскиот народ’, рече германскиот министер за финансии.

Денешниот ден инаку е национален празник во Кипар. Кoга утре изутрина банките повторно ќе отворат, мора се‘ да биде јасно, во спротивно се заканува неконтролиран јуриш на штедачите на банкарските шалтери. Многу граѓани на Кипар уште во саботата се обидоа да ги подигнат своите заштеди, но банките затворија, а наскоро пари немаше ни во банкоматите.