1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Неизвесност до самиот крај

Лидерот Борусија Дортмунд покажува слаби нерви на патот до титулата, Бајерн и натаму непостојан а во битката за опстанок станува се’ потесно. Финишот на сезоната во Бундеслига ветува поголема неизвесеснот од очекуваното.

default

Неуспешен шампионски тест во Менхенгладбах за „жолто-црните“ од Дортмунд

Сонот за предвремено обезбедување на титулата за Борусија Дортмунд, пропадна уште саботата попладне, бидејќи втотропласираниот Бајер Леверкузен не си дозволи уште еден пацер и наместо тоа славеше победа од 2:1 на домашен терен против Хофенхајм. Со тоа Бајер ги одржа барем теоретските шанси за титулата.

Неколку часови претходно фудбалските навивачи во неверување ги триеја очите. Последнопласираната Борусија со 1:0 ја победи првопласираната Борусија, која суверено е на врвот на табелата најголем дел од сезоната. По поразот во Менхенгладбах екипата од Дортмунд сега на три кола пред крајот има пет бодови предност пред ривалите од Леверкузен.

„ Тоа беше изедначен натпревар. Од време навреме Менхенгладбах играше добри контра- напади затоа не е незаслужена нивната победа“, изјави по мечот играчот на екипата од Дортмунд, Невен Суботиќ.

Bundesliga SC Freiburg vs Hannover 96

Хановер е веројатно најголемото позитивно изненадување на сезоната

Бајерн спаси бод во Франкфурт

И битката за третото место која води во квалификациите за Лигата на шампионите и натаму е целосно распламтена и во моментов во предност е екипата на Хановер. Таа си го поврати местото на табелата зад Дортмунд и Леверкузен по победата над Фрајбург од 3:1 додека рекордерот по титули во Бундеслигата Бајерн од Минхен одигра само 1:1 на гостувањето против од испаѓање загрозениот Ајнтрахт од Франкфурт. Четвртопласираните Минхенчани дури можат да бидат задоволни и со освоениот бод со оглед дека Ајнтрахт водеше до самиот крај на мечот:

„ Јасно беше дека по нашето водство Бајерн ќе нападне. Тоа е извонредна екипа, каде еден играч чини повеќе од целата наша екипа. Но она што таа прикажа денеска заслужува признание“, изјави по мечот Кристоф Даум тренерот на Франкфурт, чија екипа се наоѓа на 15 место.

Признание заслужува и досегашниот настап во сезоната на екипите на Мајнц и на Нирнберг. Тие на изненадување на многумина се во горниот дел на табелата и се борат за последното место кое води во европските натпреварувања. Во меѓусебниот дуел вчера во Нирнберг одиграа 0:0, што му годеше повеќе на петопласираниот Мајнц отколку на шестопласираните домаќини.

„ Со овој поен можеме да бидеме задоволни и со тоа остваривме една полуцел. Во основа сум задоволен со настапот на мојата екипа“ , изјави по мечот тренерот на Мајнц, Томас Тухел.

Bundesliga 31. Spieltag 2010/ FC St. Pauli Werder Bremen

Санкт Паули незапирливо тоне

Горко коло за Санкт Паули

Екипата на Шалке од другастрана изгледа психолошки е презафатена со претстојниот дуел во полуфиналето на Лигата на шампионите со манчестер Јунајтед , такашто во саботата дома загуби од Кајзерслаутер со 1:0. Победниците со овие три бода ставија точка на грижите за испаѓање од лигата.

Голем чекор напред кон опстанокот во Бундеслигата во ова 31 коло направи и Штутгарт кој на домашен тренер го совлада Хамбургер со 3:0.

„ Ние како и цел Штутгарт не сакаме да испаднеме. Едноставно сум пресреќен и верувам дека стигнавме чекор поблиску до опстанокот во лигата“, изјави германскиот репрезентативец, инаку натурализиран Бразилец, Какау.

Повторно кон дното на табелата пак пропадна Келн по убедливиот пораз во Волфсбург од 4:1. Екипата Келн сега е на 14 место а Волфсбург е на 16 место на кое води во бараж дуел со третопласираната екипа во Втората лига, но на само два бода разлика од 15 место кое значи сигурен опстанок. За тренерот на Волфсбург Феликс Магат ова беше прва победа во петтиот меч по повторното превземање на екипата.

31 коло беше најгорчливо за екипата на Санкт Паули. По првичното водството од 1:0 на домашниот терен во Хамбург , Санкт Паули на крајот загуби со 3:1 и падна на самото дно на табелата каде долго време безнадежно се наоѓаше Борусија Менхенгладбах.

Автор: Оливиа Фриц/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска