1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Неизвесноста продолжува

Втор ден на самитот на Европската унија во Брисел, а пробив за пршањаето на идниот договор на повидок нема. Во круговите на делегациите се вели дека фронтовите и натаму остануваа цврсти.

default

„А, како би било, кога би било„? Меркел убедува, Качински одбива

Само за одделни прашања имало напредок, меѓутоа ситуацијата е далеку од постигнување согласност, зашто пред се Полска и Велика Британија упорно остануваат на своите барања.

„Работиме упорно, проблемите се уште не се решни, но сите прават обиди„.

Вака гласеше кусата порака на германската канцеларка и претседавач на Унијата, Ангела Меркел на почетокот од вториот ден на самитот. На синоќешните разговори, Меркел повторно се обиде да го придобие полскиот претседател Лех Качински на компромис, кој останува на барањето за поголема тежина на полскиот глас во Министерскиот совет. Понудата на Полска, се вели во круговите на самитот, сега гласи: продолжување на сегашниот систем на гласање усвоен во Ница, до 2020 година. Според тоа правило, Полска има подеднаков број гласови како Германија, иако има за половина помалку население. Меѓутоа, такво одлагање на проблемот другите делегации на самитот не го сметаат за добро решение. Така, австрискиот канцелар Алфред Гусенбауер вели:

„Не верувам дека тоа би било корисно на каков и да е начин. Картите се на маса и сите се за тоа да се направи нешто за да се придобие и Полска без да се почне повторно од нула. Мислам дека со малку политичка волја се може релативно бргу да се одвива„.

Меркел потоа се сретна и со британскиот премиер Тони Блер кој се противи на Повелбата за основните права. Блер опстојува на „четирите црвени линии„ кои, како што вели, не може да ги пречекори. Потоа беше предвидена средба со холандскиот премиер Јан Петер Балкененде:

„Имавме долга ноќ. Средбата беше важна, таа беше почеток на се и јас се надевам на напредок, но нема да биде лесно. На сите ни треба компромис, но тие точки се важни за Холандија„.

Заедничка средба на сите 27 шефови на држави или влади беше предвидена за пладне, но до тој момет на масата немаше нов документ. Се укажува на тоа дека самитот нема да заврши денеска како што беше планирано, туку оти пред учесниците претстои долга ноќ.