1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Неизвесноста продолжува

Џорџ Буш 254- Џон Кери 252. Ваков е моменталниот однос на освоени електорски гласови во изедначената претседателска трка во САД. Не се познати резултатите од уште три сојузни држави меѓу нив и онаа најважната Охајо која носи најмногу- 20 електорски гласови и победа в рака за еден од кандидатите кој на тој начин ќе стигне до неопходните 270 гласови. Но контроверзните прогнози дека таму победил Буш најавуваат можн

default

� повторување на хаосот од претходните претседателски избори.

Додека во штабот на актуелниот претседател Буш планираат да прогласат победа , противкандидатот Џон Кери не се предава и најавува борба за секој глас. Во фокусот е државата Охајо каде што две национални телевизии проектира победа на Буш , но за тоа немаше потврда во останатите три национални мрежи а предизвика и револт кај Демократите .На Буш му недостасуваат 16 електорски гласови за да прогласи победа на претседателските избори во САД. Додека пак на Кери 18 . Бројот на електорски гласови кои ќе ги однесе победникот во Охајо е 20 .

Очите на Американците но и на кандидатите за претседател се вперени во сојузната држава Охајо , каде што постои можност да се повтори непосакуваното сценарио со изборните манипулации во 2000-та година на Флорида.

Инаку актуелниот американски претседател однесе победа во вкупно 28 сојузни држави пред се во јужниот и централниот дел на САД ., додека противкандидатот Кери победи во 20 држави пред се на истокот и на западот од земјата.

Последните држави во кои беа познати резултатите беа Невада каде што победи Џорџ Буш и Вајоминг каде што 10 електорски гласови однесе Џон Кери .

Покрај контроверзниот Охајо не се познати резултатите само уште од државите Њу Мексико и Ајова , каде што во благо водство е Џорџ Буш.

Што се однесува до бројот на граѓани кои гласале за двајцата кандидати Буш има освоено над 55 милиони гласови или 51 процент додека демократскиот сенатор , освои близу 52 милиони гласови или 48 насто.

А главниот контроверзен момент во досегашниот тек од пребројувањето на гласовите на претседателските избори се случи во текот на ноќта кога две национални ТВ станици, НБЦ и Фокс ги објавија своите проекции за изборниот исход во клучната држава Охајо пренесувајќи дека Буш ги освоил 20-те електорски гласови таму. Останатите три национални телевизии ЦНН АБЦ и ЦБС меѓутоа не ги потврдија овие проценки.

Сенаторот Џон Кери веднаш реагираше на овие резултати испраќајќи го својот партнер кандидатот за потпретседател Џон Едвардс а им порача на противниците но и на американската јавност дека тие имаат намера да се борат за секој глас.

Охајо и пред изборите беше сметана за една од најспорните држави пред се поради изедначените позиции на републиканците и демокраите и во која се стравуваше од нерегуларности во изорните резултати.

И државниот секретар на Охајо Кен Блеквел ги демантираше тврдења та на телевизиите Фокс и НБС , додавајќи дека за да се пребројат гласовите во Охајо, ќе бидат потребни цели 11 дена. И изборниот штаб на Џон Кери ја оспори наводната победа на Буш во Охајо, нагласувајќи дека ништо не е конечно бидејќи останува да се пребројат уште 250 илјади гласачки ливчиња.

Во Охајо гласањето беше продолжено два часа поради високиот одзѕив и редиците гласачи кои иѕлегле на изборните пултови. Сојузната држава се сметаше за една од петнаесетината тн. неодлучни држави, меѓу кои и Минесота, Невада, ново Мексико, Ајова и пред се Флорида, држава чиј иѕборен реѕултат беше пресуден за победата на Буш на минатите избори, и во која, за време на предвременото гласање од пред дваесетина дена, исчезнаа илјадници гласачки ливчиња.

Вчерашното гласање во САД главно, мина мирно, иако на одделни гласачки места се појавија проблеми, најмногу со електронските апарати за гласање.

Европа и останатите држави од светот, како што јавија агенциите, со нетрпение го очекуваат исходот од овие американски избори, за кои што се оценува дека биле едни од најмасовните според бројот на излезени гласачи. Во текот на ноќта во европските претстолнини, организирано, низ ТВ преноси во кафулињата , баровите и во домовите се очекуваше кој од двајцата кандидати, нареadдните 4 години, ќе стои на чело на најголемата светска сила.