1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неизвесноста да се претвори во шанса

На седми ноември во Авганистан ќе се одржи втор круг претседателски избори, објави во Кабул портпарол на изборната комисија. Претседателот Хамид Карзаи оцени дека одлуката е во согласност со уставот.

default

Хамид Карзаи објави одржување втор круг избори

Точно два месеца по изборите, во Авганистан беше соопштена одлуката дека граѓаните повторно ќе мора да излезат на гласачките места. Актуелниот претседател Хамид Карзаи објави дека ќе се одржи втор круг избори и со тоа призна дека во првиот круг не освоил апсолутно мнозинство: „Ја повикувам нашата нација, ова да го претвори во шанса. Да се поттикне нашата одлучност земјата да се поведе напред. Ги повикувам луѓето да учествуваат на овие избори.“

Карзаи се презентираше како државник

Afghanistan Wahlen

Може ли да се спроведе втор круг избори во зима?

Меѓународната заедница во меѓувреме значително го зголеми притисокот врз некогашниот љубимец на Западот. Со неговата одлука тој доби пофалба од американскиот сенатор Џон Кери: „Претседателот Карзаи имаше голем сонеж во изборниот процес. Но, денес се презентираше како државник, со тоа што одлучи да направи чекор напред и да ја зајакне земјата. На тој начин ги прифаќа уставот и законите.“

Во Авганистан е зима и одгласот на избирачите е проблематичен

Уставот на Авганистан имено предвидува дека мора да се одржи втор круг избори во случај никој од кандидатите да не освоил 50 проценти гласови на првиот круг. Набљудувачите, во последните денови, изразија сомнеж, дали воопшто може да се спроведе втор круг во Авганистан. Во поголемиот дел од земјата веќе е зима, дали луѓето во голем број ќе излезат на гласање е прашање. Исто така прашање е дали вториот круг ќе се одржи без изборни манипулации. Сенаторот Џон Кери призна дека изборите во август не биле перфектни: „Предизвикот избори да се одржат во екстремно тешка безбедносна ситуација, едноставно не може доволно често да се нагласува.“

Но, Кери истакна дека сега е време големата неизвесност да се претвори во голема можност. Специјалниот пратеник на ОН, Кај Ејде од своја страна порача дека државните институции, кои ги спроведувале изборите биле функционални: „Во земја која е млада демократија важно е да функционираат органите на кои се потпира демократијата.“ истакна Ејде.

Автор: Кај Кистнер / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM