1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Неизвесна трета етапа од Тур д‘ Франс

На најпознатата велосипедска трка во светот, Тур д’Франс, денеска се вози третата етапа, долга 196,5 километри, од Марсеј до Ла Гран-Мот. И денеска се очекува победникот да биде решен во спринтот во последните метри.

default

Најголеми шанси му се даваат на вчерашниот победник, Британецот Марк Кавендиш. Во жолтата маичка вози Фабијан

Radsport Tour de France Fabian Cancellara

Фабијан Канчелара

Канчелара од Швајцарија, кој беше најбрз во првата етапа и е голем фаворит на Тур д’Франс годинава: „Ова ми е голема мотивација за останатото што следува, оти пред нас се уште 3500 километри. Но во жолтата маичка, се разбира, ми е малку полесно“, рече Канчелара по успешниот старт.

Американецот Ленс Армстронг му се врати на велосипедизмот и вози на оваа трка, но во необична улога за него, споредна, оти за капитен на тимот „Астана“ е одреден Шпанецот Алберто Контадор. „Мислам дека треба да ги почитуваме правилата и меѓусебе да се почитуваме. За мене е јасно дека Алберто е лидер и секој треба да го следи лидерот. Во тој поглед нема исклучок од парвилата во велосипедизмот“, рече Армстронг.

Автор: дв/ЗЈ

Редактор: Александра Трајковска