1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Неизвесна судбината на киднапираните

*

Војната на нерви за ослободување на 21 јужнокорејски заложник во Авганистан продолжува и покрај директните преговори со радикалните талибанци. Се очекува да бидат ослободени две од заложничките кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба. Тие според претставник на киднаперите во наредните часови ќе бидат префрлени во седиштето на Црвениот крст. Талибанците досега убија двајца заложници, а се заканија дека ќе ги ликвидираат сите доколку не бидат ослободени од затвор нивните соборци во земјата.