1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неизвесна судбината на киднапираните во Јемен

Тројцата германски државјани се заложници на племето Бани Џабиан. Тие бараат ослободување на двајца нивни припадници. Силите за безбедност го блокираше регионот каде се наоѓа вооружената група, но не презема акција.

default

Карта на регионот во кој се држат заложниците

Се’ уште е неизвесна судбината на тројцата германски државјани кои се киднапирани во Јемен. Станува збор за соработничка на Германското друштво за техничка соработка - ГТЦ и нејзините родители, кои во земјата престојувале на одмор. Киднаперите бараат да се ослободат двајца негови припадници. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, изјави дека германската амбасада и кризниот штаб во Берлин прават напори за ослободување на трите лица кои беа киднапирани во неделата.

Тројцата киднапирани германски државјани, според информациите на властите во Јемен, се заложници на племето Бани Џабиан во ридестиот регион, источно од главниот град Санаа. Вооружените напаѓачи го киднапирале семејството во неделата во близина на историскиот град Радаа. Властите официјално потврдија дека киднаперите со акцијата сакаат да издејствуваат слобода за нивни роднини, членови на кланот, кои веќе четири месеци се наоѓаат во затвор. За племето Бани Џабиан, од каде што доаѓаат киднаперите, во минатото повеќепати се зборуваше дека учествувало во вооружени напади и киднапирања.

Soldaten Jemen

Јеменски војници

Во меѓувреме, силите за безбедност ги блокираа сите приоди кон регионот каде што се држат заложниците, но засега не се подготвува напад. Веста за ова е потврдена и на интернет-страницата на владејачката партија, од каде што се повикуваат на изјава на заменик-гувернерот на провинцијата. Јеменската новинска агенција „Сава нет“ и уште еден интернет-портал веќе ги објавија и имињата на двајцата затвореници, кои групата бара да бидат ослободени.

Киднапирањето е честа практика

Од август 1998 година, кривичното дело киднапирање во Јемен се казнува со смрт. Племето Бани Џабиан од почетокот на деведесеттите години на дваесеттиот век извршило повеќе киднапирања. Меѓу нив е и случајот од 1998 година, кога беа грабнати четворица германски државјани. По кратко време тие беа ослободени. Влијателните и добро вооружени племиња во земјата се` повеќе го применуваат киднапирањето како средство, доколку се чувствуваат запоставени од властите. Затоа туристите веќе подолго време се советуваат да не патуваат на своја рака во зафрлените региони. Тука спаѓа и северниот регион на Јемен, кој со години е на работ на граѓанска војна. Регионот во близина на главниот град, во кој е киднапирано германското семејство досега важеше за релативно безбеден.