1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Неизвесна судбината на киднапираниот

Дванаесети ден од киднапирањето на германскиот инженер во Авганистан интензивно се работи на негово ослободување

default

Киднаперите се кријат во високите планински предели

Разговорите со киднаперите во југоисточната провинција Газни се одвиваат тешко пред се заради големата одалеченост и големиот број посредници. Може да се зборува за напредок, но не и за брзо решение. Властите во Кабул поради случајот го сменија од функција локалниот шеф на полицијата. Портпаролот на министерството за внатрешни работи во Кабул изјави:

“ И натаму интензивно работиме на ослободување на германецот. Тешко е да се каже кога ќе дојде до резултат, денес, утре или по два дена. Меѓутоа имаме информации дека тој се наоѓа во добра здравствена состојба“

Дека ситуацијата на инженерот е добра соопшти и германската национална радиотелевизија. Тој според информациите се наоѓа во планинскиот предел на височина од околу 3000 метри. Се поверојатно е дека неговите грабнувачи се локални Пашти, чии мотиви се од криминална природа. Меѓутоа засега нема конкретни барања за негово ослободување.

Во меѓувреме и натаму се работи на ослободување на 22 јужнокорејски заложници. Во текот на ноќта талибанците соопштија дека веќе нема да преговараат со авганистанските власти. За натамошни преговори нема место, изјави лидер на талибанските бунтовници. Единствениот пат за нивно ослободување е исполнувањето на барањето за слобода на нивните соборци од затворите. Поранешниот командант на талибанците и сегашен пратеник во парламентот во Кабул, Самарј Башари, кој е вклучен во акцијата за ослободување изјави:

“ Во провинцијата Газни формиравме работна група составена од претставници на авганистанската полиција, племенски лидери и официјални претставници. Тие работат на овој случај“

Заменик министерот за внатрешни работи Мунир Мангал во меѓувреме предупреди дека доколку преговорите пропаднат не е ислучено да се преземе акција.