1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неизбежни се болни компромиси

САД најавија поддршка за формирање палестинска држава. Американскиот потпретседател Дик Чејни се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, како и со израелскиот, Шимон Перес

default

Дик Чејни и Шимон Перес

Завојуваните палестински групи Фатах и Хамас со посредување на Јемен најавија подготвеност за дијалог. Двете страни во Санаа потпишаа деновиве документ за намера да водат помирувачки преговори со можност да биде постигнат договор за заедничка управа над појасот на Газа и Западниот брег. САД меѓутоа и натаму преговараат исклучиво со Фатах и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Така американскиот потпретседател Дик Чејни, кој е во посета на Израел, вчера се сретна само со Абас.


Израелско палестински мировен договор од двете страни бара болни компромиси, потенцираше американскиот вицепретседател Дик Чејни по разговорите со Махмуд Абас во Рамалах. Ваков договор може да биде постигнат ако Израелците и Палестинците упорно работат. Дик Чејни на прес конференцијата со Абас изјави дека издејствуваниот крај на израелско палестинскиот конфликт, кој би ги зел во предвид барањата од двата народа, би имал непроценлива вредност. Годините на недоверба и насилство не доведоа до ништо, а екстремистите, кои стојат на патот на единството, на палестинскиот и на израелскиот народ им донесоа дополнителни страдања.


Критики на адреса на Хамас


Дик Чејни остро го критикуваше радикално исламистичкиот Хамас, кој ја има контролата врз појасот на Газа и кон крајот на јануари 2006 година победи на парламентраните избори. По повод постојаното испалување Касам ракети врз израелска територија од појасот на Газа, Чејни изјави дека мора повторно да ја изговори горчливата вистина дека

теророт и ракетите убиваат само невини цивили, тие ги убиваат и легитимните надежи и стремежи на палестинскиот народ.


Поддршка за палестинска држава


Чејни, кој минатите осум дена водеше разговори во Авганистан, Ирак и Саудиска Арабија, изјави дека е крајно време за создавање палестинска држава. Палестинскиот народ неа ја заслужува. САД ќе обезбедат средства за изградба на потребната инфраструктура, вети Дик Чејни. Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара од американскиот потпретседател поддршка во запирањето на изградбата нови израелски населби на окупираните палестински територии и престанок на израелските воени акции за убивање палестински екстремисти.