1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Незапаметена загуба за македонската армија

Во Скопје беше одржана комеморативна седница во чест на загинатите 11 војници во мировната мисија Алтеа во Бих,припадници на македонската армија.Од нив се простија највисокиот државен врв и роднините

default

Од комеморацијата за загинатите војници

Солзи,скаменети лица,деца,родители,сопруги,целиот македонски врв беше заедно со роднините на 11-те загинати мировници.

Тие загинаа при падот на хеликоптерот со кој се враќаа во земјата во близина на скопскиот аеродром.

Нив ги нарекоа херои,амбасадори на Македонија,врвни НАТО профеционалци,македонска легитимација за добро обучена и способна армија.Началникот на Генералштабот на македонската армија,генерал Мирослав Стојановски,говореше војнички,со зборот на човечноста.

Посмртните останки на загинатите ќе бидат погребани утре,а утрешниот ден е прогласен за ден на жалост во Македонија.