1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Незадоволство од обвинителниот акт за случајот Нешковски

Со извици „Нема правда, нема мир“ група млади граѓани денеска протестираа пред влезот на зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје. Тие се незадоволни од обвинителниот акт за случајот на Мартин Нешковски.

default

Убиството на Нешковски предизвика масовни протести на младите во јуни

Во обвинителниот акт за случајот Нешковски, имено, се бара одговорност само за „тигарот“ Игор Спасов, а не и за полицајците кои биле на местото на инцидентот вечерта кога беше убиен младиот Нешковски. Движењето „Стоп за полициската бруталност“ најави дека ќе поднесе претставки до скопскиот јавен обвинител, вишото обвинителство Скопје и републичкиот јавен обвинител за утврдување на дисциплинска одговорност на обвинителката пред советот за јавни обвинители. До Основното јавно обвинителство тие поднеле и кривични пријави против непознати полициски службени лица.

„Со покренувањето на обвинителниот акт, нашите институции покажаа дека дефинитивно немаат способност за контрола врз полицијата. Ние сме разочарани и револтирани од одлуката на обвинителката да го гони само Игор Спасов, односно само едно лице. Сите индиции покажуваат дека има огромни пропусти во истрагата. Според меѓународни стандарди, инволвираните полицајци, според сите очевидци во обвинителниот акт, му дозволиле на обвинетиот да го напушти местото. Значи може да одговораат за непријавување на кривичното дело или сторителот“, вели Предраг Ристиќ од Движењето „Стоп за полициската бруталност“.

Автор: ГЧ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина