1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Незадоволство од благите пресуди за клaнот Мубарак

Пред една година почна процесот против поранешниот претседател на Египет Мубарак. Денеска судиите му пресудија доживотна казна затвор. Многу Египќани бараа смртна казна, но многумина стравуваа дека ќе биде ослободен.

Во повеќе египетски градови денеска се одржаа протестни манифестации. Демонсрантите во Каиро, Александрија и Суец критикуваа зошто Хосни Мубарак не бил осуден на смрт. Тие протестираа и затоа што судиите донесоа ослободителна пресуда за шест поранешни функционери на безбедносниот апарат.

Критика за целиот правен систем

На протестите учествуваа и членови на Муслиманското братство, најсилната партија во египетскиот парламент. Според телевизијата Ал Арабија, државното обвинителство има намера да поднесе жалба на пресудата. Адвокатот на Мубарак, Јасер Бар исто така најави дека ќе ја обжали пресудата. „Оваа пресуда е полна со правни слабости“, изјави тој.

Многумина демонстранти денеска се заложија да има темелно чистење на египетскиот правосуден систем. Многумина судии во земјата биле корумпирани. Силните функционери на стариот, во суштина соборен режим се’ уште биле активни и имале влијание врз судството.

Постојат меѓутоа и сили кои се залагаат за помалку строг третман на Мубарак. Меѓу нив е и поранешниот премиер Ахмед Шафик. Тој неодамна во едно интервју го назначи Мубарак како пример за него. Шафик влезе во вториот круг на претседателските избори и за две недели ќе излезе на избори против кандидатот на Муслиманското братство Мохамед Нурси. Опозициони политичари стравуваат, доколку Шафик биде избран за нов претседател на Египет би можел да го помилува Мубарак.

Со очила за сонце зад решетки

Urteilsverkündung Hosni Mubarak Ägypten

Хосни Мубарак при објавувањето на пресудата

Процесот против Мубарак запoчна во август минатата година. Како и претходно и на последниот ден од судењето, Хосни Мубарак присуствуваше во судиницата. Тој утрово со хеликоптер беше пренесен во судот во Каиро. Во судската сала Мубарак носеше очила за сонце и лежеше на носилка, зад решетките.

Досега Мубарак казната ја лежеше во болница, но денеска по судењето беше однесен во затвор во Каиро.

Двајца синови на Мубарак во процесот се осудени за корупција, меѓутоа ослободени од другите точки по обвинението. Тие веќе ја одлежаа казната затвор за тоа, смета судот.

Судот во Каиро му пресуди доживотна казна затвор и на поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли.

Мубарак со Египет владееше повеќе од две децении. Тој беше соборен од функцијата на 11. февруари 2011 година. При задушувањето на протестите од Арапската пролет загинаа окоу 850 луѓе, повеќе од 6.000 беа повредени