1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Незадоволство и покрај победата

Владеачката Партија на правда и напредок (АКП) на премиерот Реџеп Таип Ердоан освои најмногу гласови на локалните избори во Турција, што се одржаа вчера (29.03.2009).

default

Изборно ливче во Турција

Со 39 проценти гласови „Партијата на правда и напредок“ е прва во градските собранија и го освои најголемиот дел гласови во општините во Анадолија и големите градови, како што се Истанбул и Анкара.

На второ место, со 23 проценти гласови е секуларната Републиканска народна партија (ЏХП) на Дениз Бајкал, на која од големите градови и‘ припадна Измир, егејското крајбрежје и цела источна Тракија, додека на трето место е Партијата на националистичкото движење (МХП) на Девлет Бахчели, со 16 проценти освоени гласови. Од другите партии, забележителен успех оствари и прокурдската Партија на демократското општество (ДТП) која на југоистокот на Турција ги освои градовите и општините чие мнозинско население го сочинуваат етничките Курди.

Ердоган не е задоволен

Иако партијата на премиерот Ердоган и овојпат освои најмногу гласови, таа забележа назадување за повеќе од

Tayyip Erdogan rechts Wahlen Türkei

Реџеп Таип Ердоган им се обраќа на приврзаниците по гласањето

два процента во однос на локалните избори од 2004-та година и дури 7,5% помалку споредено со резултатите од последните парламентарни избори. Самиот премиер Ердоан, во првото синоќешно обраќање по изборите, изјави дека од аспект на неговата партија не е задоволен од резултатите на локалните избори и најави преземање мерки кои од одделни коментатори беа протолкувани како најава на кадровска ревизија во партиското раководство.

“Не сум задоволен со резултатот. Загубивме 1 – 2 поена. Со другарите во партијата ќе седнеме и ќе разгледаме каде се недостатоците и ќе ги елиминираме“, изјави Ердоан.

Неделните локални избори во Турција делумно беа во сенка на крвавите инциденти што се случија на југоистокот на земјата, во општините каде што претежно живее курдско население и каде што во меѓусебните пресметки на ривалските групи околу кандидатите, животот го загубија 7 лица, а 97 се ранети.

Автор: Исмет Кочан

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина