1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Независно Косово не мора да води кон “голема Албанија”

*

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Том Кејси не верува дека независноста на Косово би довела до создавање “голема Албанија.” Доколку до крајот на преговорите во декември Приштина и Белград не успеат да постигнат спогодба,САД очекуваат процесот да продолжи да се движи напред преку надгледувана независност на Косово,во рамките на планот на специјалниот пратеник на ОН,Марти Ахтисари,изјави Кејси.

Утре во Брисел инаку ќе биде одржана втората рунда на директните преговори на делегациите на Белград и на Приштина за идниот статус на покраината.