1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

NRS-Import

Независност од „втора класа„ за Косово?

Денешните германски весници се занимаваат со проблемите на меѓународната заедница и посебно на ЕУ поврзани со се‘ уште нерешниот статус на Косово.

default

Во каква иднина ќе го одведе Косово: новиот премиер Хашим Тачи.


Весникот „Ди Велт„ објавува коментар со наднаслов „Смее ли Косово да стане етнички чиста држава?„ и наслов „Во најдобар случај протекторат„. Во текстот меѓу другото читаме:
„Кавгата околу иднината на Косово се наоѓа во чудна состојба на лебдење. Сите засегнати страни се во постојан контакт и си ветуваат взаемно дека нема да ја доведат состојбата до ескалација. И токму затоа што страните во конфликтот прават се‘ да не долеат масло во огнот, расте притисокот врз меѓународната заедница да смисли нешто. А таа уште од кусата војна на Косово игра на време.
Во војната во 1999-та при тоа не стануваше збор само за животите на Косоварите. На тамошните герлици им беше важно етнички мотивираното отцепување од Србија. И тие се пробија со таквото барање и со тоа ги поништија сите декларации на меѓународната заедница дека Косово, ослободено од српскиот притисок, ќе биде мултиетничко. Сега Косоварите само го бараат она, што непромислено им беше ветено. И затоа единственото што им преостанува на Русија, Америка и ЕУ, тоа е обидот Косоварите да ги стават под протекторат што наликува на независност. Доколку тоа не им појде од рака, тогаш резултатот од Косовската војна би можел да биде: создавање етнички чиста држава!„ – заклучува „Ди Велт„.
„Келнер Штатанцајгер„ објавува статија под наслов „Независност од втора класа„ во која читаме:
„За сега ќе има само независност од втора класа. Бидејќи еден од најсиромашните региони на Европа не би бил способен да преживее како самостојна држава, треба прво да стане протекторат на ЕУ, која ја презема одговорноста од ОН. Ваквиот пресврт во историјата на овој намачен регион е резултат на тешкиот дипломатски чин, чии последици тешко можат да се проценат. Ќе мине се‘ мирно или повторно ќе има крвопролевање? За сега позициите остануваат непомирливи и тоа е причина за загриженост. Американците и големото мнозинство на европските држави ја поддржуваат желбата на Албанците за сопствена химна и знаме, но бараат и автономија за српското малцинство. Србија секако не е во состојба да го предизвика НАТО уште еднаш. Но, претстојната промена на границите луѓето таму ќе ја доживеат како задоцнета казна за ерата на Милошевиќ. Тоа ќе води кон огорченост и може да предзивика внатрешно политичка радикализација. Земја што е изолирана мора да го доживува како навреда одземањето на дел од нејзината територија. Поради тоа Европа покрај целиот ангажман за Косово не смее да заборави дека и Србија е дел од континентот и дека и‘ треба перспектива. Инаку на Балканот се програмирани натамошни кризи„ – смета „Келнер штатанцајгер„.
На улога на ЕУ се осврнува и Виенски „Ди пресе„ па вели:
„Сенките на минатото деновиве посебно натежнале над ЕУ. Во 90-тите години нејзината поделеност и национални интереси многу придонесоа балканските војни да не бидат спречени на време. Стариот баласт од тие војни денеска ја става Унијата пред најтешкиот тест до сега. Конфликтот околу статусот на Косово се случува пред портите на Европа. На обете страни во конфликтот им се нуди перспектива во европскиот дом. Затоа европскиот хаусмајстор на смее да не успее. И тоа не само во метењето на проблемите пред портите, туку и во средувањето на односите меѓу земјите членки. Ако на големите земји не им појде од рака да ги доведат на иста линија останатите кои се скептични околу незавинсоста на покраината, тогаш ЕУ ќе испадне смешна!„ – нагласува „Ди пресе„.